Промени тема
Контакт

Сопругата на судијата Ѓоко Ристов по сведочењето на свекорот и свекрвата: „Од кога е срамота да се печали од земјоделие?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Коментари
media-libraryfb964a4bea3413gB3XX
Илустрација / Скопје1

„Од кога е срамота да се печали од земјоделие???“, праша Симона Зорик, сопруга на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, во објава на социјалните мрежи по судските сведочења на неговите родители за потеклото на парите пронајдени во ѕид од семејна куќа во Неготино.

Нејзината реакција следува откако свекорот Здравко Ристов и свекрвата Донка Ристова пред судот тврдеа дека пронајдените 350.000 евра се нивна заштеда, стекната со долгогодишна земјоделска работа.

— реклама —

Родителите на судијата во своите искази објаснуваа дека со децении се занимавале со производство и продажба на земјоделски производи, меѓу кои пиперки и грозје, и дека заработените пари ги чувале во готовина.

media-libraryfb964a4bea3413gB3XX

„Јас ги печалев, жена ми ги ставаше во ѕидот“ – таткото на судијата Ристов за скриените пари, обвинителката го соочи со ДНК-резултатите

„Нема шанса“, одговори Здравко Ристов, татко на судијата Ѓоко Ристов, откако обвинителката го соочи со резултатите од вештачењето, според кои на пронајдените пари не биле утврдени биолошки траги ниту од него ниту од неговата сопруга.На денешното судење Ристов тврдеше дека парите пронајдени во семејната куќа во Неготино се негова и заштеда на сопругата, создадена со повеќедецениска земјоделска работа.„Сум се мачел 89 години со овие десет прсти. На кого да ги пријавам тие пари?“, рече Ристов, обја

Македонија | пред 3 дена

— реклама —


Мајката Донка Ристова сведочеше дека парите биле скриени во ѕид, зад фрижидер, и тврдеше дека нејзиниот син Ѓоко не им давал пари на родителите, туку дека тие финансиски им помагале на своите деца.

— реклама —
media-libraryr8kf65kt8qdpeZmaZAc

Ги чувавме 350 илјади евра за да одиме на Геријатрија, ги печалевме од земјоделие - 50 години ставаме пари зад плочката, вели мајката на судијата Ѓоко Ристов која го брани синот

Донка Ристова, мајка на судијата Ѓоко Ристов, на денешното судење тврдеше дека парите пронајдени при претресот во семејната куќа во Неготино се нејзина и сопственост на нејзиниот сопруг Здраве. Според неа, станува збор за околу 350.000 евра, заштеда од повеќедецениска земјоделска работа, која ја чувале скриена зад плочка во ниша во куќата.Одговарајќи на прашањата на обвинителката Искра Хаџи Василевска, Ристова рече дека првиот претрес бил извршен на 29 декември 2025 година, кога, според нејзинот

Македонија | пред 3 дена

Токму по овие сведочења, Зорик објави кратка порака во која го поставува прашањето дали заработката од земјоделие е причина за срам.

„Од кога е срамота да се печали од земјоделие???“, напиша таа.

media-librarytlomahhaeqe05Pcmzmk

Потеклото на пронајдените 350.000 евра е предмет на судско испитување, а тврдењата на родителите дека парите се нивна заштеда засега претставуваат нивна верзија за тоа како биле стекнати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypndrifbcb0na1QRbNBu

Како се ваделе парите од ѕидот кај родителите на Ристов: Криминалистички техничар сведочеше за претресот, одбраната докажува пропусти

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryfb964a4bea3413gB3XX

„Јас ги печалев, жена ми ги ставаше во ѕидот“ – таткото на судијата Ристов за скриените пари, обвинителката го соочи со ДНК-резултатите

Македонија | пред 3 дена

media-libraryrfsg4jpttu6o122N5yi

„Плетев до три часот наутро“ – мајката на судијата Ристов објаснуваше како ги стекнале илјадниците евра зад плочките

Македонија | пред 3 дена

media-libraryr8kf65kt8qdpeZmaZAc

Ги чувавме 350 илјади евра за да одиме на Геријатрија, ги печалевме од земјоделие - 50 години ставаме пари зад плочката, вели мајката на судијата Ѓоко Ристов која го брани синот

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања