Промени тема
Контакт

Шпанскиот министер за сообраќај: Пругата беше обновена, вложени се 700 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library2on23crrqgqh4iUcogF

Шпанскиот министер за сообраќај Оскар Пуенте соопшти дека бројот на загинати во тешката железничка несреќа во Шпанија, кој во моментов изнесува 39 лица, не е конечен. Тој нагласи дека спасувачките екипи и натаму работат на терен и дека постои можност бројката да се зголеми.

— реклама —

Министерот им се заблагодари на сите служби кои учествуваа во спасувачката акција и изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Во објава на социјалните мрежи, Пуенте истакна дека спасувачите работеле во исклучително тешки услови во текот на ноќта, покажувајќи голема пожртвуваност и професионалност.

— реклама —

Во изјава за медиумите, Пуенте појасни дека првиот воз кој излетал од шините бил стар само неколку години. Тој нагласи дека железничката пруга на која се случила несреќата била целосно обновена во мај 2025 година и дека во инфраструктурата биле вложени околу 700 милиони евра.

— реклама —

Министерот информираше дека е формирана посебна комисија за истрага, која треба да ги утврди сите околности и причини што довеле до несреќата.

Железничката несреќа се случила околу 19:45 часот во местото Адамус, во автономната покраина Андалузија, кога воз кој сообраќал на релација Малага–Мадрид излетал од шините и завршил на соседниот колосек, по кој во тој момент се движел воз од Мадрид кон Уелва. По судирот, и вториот воз излетал од шините, што резултирало со голем број жртви и повредени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6rbqp6vc9ncddm8MVrW

Шпанија пред предвремени избори? Санчез најави обраќање во 9 часот

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library69qlbffnn2s839OqQ1o

(Видео) Страшно невреме во Шпанија: Две лица загинаа, едно се води како исчезнато

Свет | пред 1 седмица

media-librarylcjm4tt3m5mh5GYpwUY

Станбена криза ја тресе Шпанија: Владата предлага забрана за принудни иселувања до 2030 година

Свет | пред 1 седмица

media-library02i35qhog8thag61W4q

Протести во Мадрид поради мигрантите во Сеута, бараат оставка од Санчез

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања