Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
siljanovska-aliev-3

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. На средбата присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека тие се пријателски и во таа насока беше изразена посветеност за интензивирање и продлабочување на односите во културата, туризмот, образованието и други области од заемен интерес.

— реклама —

— реклама —

Претседателката Сиљановска Давкова го истакна интересот од македонска страна за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји, особено во областа на енергетиката, имајќи го предвид нашиот интерес за диверзификација на изворите на снабдување со енергија.

— реклама —

Соговорниците се согласија дека треба да се продлабочат економските односи со конкретни билатерални договори, при што изразија задоволство од Меморандумот за разбирање меѓу македонски и азербејџански енергетски компании којшто се потпиша во Скопје со цел зајакнување на македонската енергетска стабилност.

На средбата Претседателката ги претстави и инвестициските можности што ги нуди нашата држава. Од страна на претседателот Алијев беше изразена подготвеност за можни инфраструктурни проекти поврзани со гасификацијата на нашата држава.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки за одличната организација на самитот и благодарност за гостопримството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydqvg8db60mfm1MYkUyC

Претседателска средба: Романија ја поддржува македонската евроинтеграција

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhlqseqcc0e156FpSMbX

Сиљановска-Давкова по средбата со Пармелан: Да се концентрираме на реформските предизвици и да не ја губиме енергијата на ирационални прашања

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhlv0v0m2od248Sp25Pl

Прва официјална посета на швајцарски претседател во земјава – потврдено партнерството

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryd07vkvlt00oh82TTmlz

Сиљановска Давкова: Со стабилна влада има простор за дијалог со Бугарија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања