Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Средношколци во Собранието отворија дебата за образованието и младинските политики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library36nun2ncvovpa6eUYDo

Во Собранието на Македонија, во рамки на Клубот на младински прашања и политики, се одржа средба меѓу пратеници и ученици од средните училишта, учесници во програмата „Најгласни“.

— реклама —

Програмата ја реализираат Фондација Конрад Аденауер и ЛЕАД.

— реклама —

На настанот се обратиле Даниел Браун од Фондацијата Конрад Аденауер и пратеничката Драгана Бојковска, претседателка на Клубот на младински прашања и политики.

Во фокусот на дискусијата биле условите во образованието, средношколскиот стандард, состојбите во студентските домови, менталното здравје кај младите и потребата од создавање подобри перспективи за нивно задржување во државата.

— реклама —

Било нагласено дека младите треба активно да бидат вклучени во процесите на креирање политики и носење одлуки, а институциите континуирано да создаваат простор за нивно учество.

Средбата поминала во интерактивна атмосфера, при што учениците преку свои предлози и ставови отвориле повеќе прашања поврзани со младинските политики и иднината на младите во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library4rm6l134lf86d5IOaVR

Без државен регистар и со бројни бариери: слепите лица бараат подобри услови

Македонија | пред 1 седмица

media-library2usa516otu319IXcNE8

Четири собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и избор на член на Судскиот совет

Македонија | пред 2 седмици

media-library2usa516otu319IXcNE8

Пратениците изгласаа измени на законите за јавниот сектор, платите, високите раководители и шумите

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања