Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Што да јадете за полесно да ги издржите високите температури?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-librarycf1gmikh5k0d84raEI1
Photo by Dan Gold on Unsplash

За време на летните горештини, правилниот избор на производи може да му помогне на организмот полесно да се справи со високите температури, велат експертите.

Епидемиологот Тим Спектор, специјалист за здравје на цревата, објаснува дека состојбата на цревниот микробиом влијае врз начинот на кој телото се справува со физичкиот стрес, вклучувајќи ги и топлотните бранови.

— реклама —

Според него, дехидратацијата може да ја забави дигестијата, да ја зголеми чувствителноста на цревата и да предизвика надуеност, непријатност и чувство на замор.

Како најдобар избор ги препорачува производите богати со вода, како што се лубеницата, краставиците, бобичестото овошје, доматите, цитрусите, зелената салата и другиот лиснат зеленчук.

— реклама —

Овие производи не само што придонесуваат за подобра хидратација, туку обезбедуваат и растителни влакна, минерали и полифеноли што го хранат цревниот микробиом.

— реклама —

Спектор советува и консумирање ферментирани производи, како јогурт со живи култури и кефир, кои можат да придонесат за одржување на здрави црева.

Тој препорачува овие производи да се консумираат редовно во текот на денот, а не дури кога ќе се појават знаци на прегреаност или дехидратација.

— реклама —

За појадок предлага јогурт или кефир со бобичесто овошје, јаткасти плодови и семки, или овесна каша со овошје. Во текот на денот, како ужина препорачува лубеница, краставици, домати и бобичесто овошје, а за ручек и вечера – полесни оброци богати со зеленчук, мешунки, интегрални житарки и маслиново масло.

Слични препораки дава и гастроинтестиналниот хирург Антониос Атанасиу, кој советува да се избегнуваат тешки и масни оброци бидејќи дополнително го оптоваруваат организмот и потешко се варат за време на високите температури.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Поевтинуваат житарките, месото и млекото, цените на храната на светскиот пазар паднаа за 1,2 отсто

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryk6quetih0ajie91knYD

Нов бран поскапувања на храната во Европа, свежите производи најмногу погодени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Македонија меѓу земјите со најниски цени на храната, но колку е таа достапна?

Македонија | пред 2 седмици

market

Лебот, месото и млекото може да поскапат: Се зголемува ризикот од нова криза со храната

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања