Промени тема
Контакт

Што се знае досега: Судијата Ѓоко со заѕиданите пари е на боледување од минатата недела, не се открива каде е, а неизвесна му е и судбината за да остане на слобода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library7iqjo8ige4eb3Sng2XT

Судбината на апелацискиот судија Ѓоко Ристов засега останува неизвесна, додека против него се води истрага за противправно стекнување и прикривање имот, со сомневање дека имотот бил обезбеден преку корупција и трговија со влијание. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција потврдуваат само дека предметот се работел со месеци, интензивно и без прекин, нагласувајќи дека станува збор за сложена и обемна постапка која сè уште е во тек.

Во исто време, од Апелацискиот суд во Скопје за „Скопје1“ потврдуваат дека Ристов од минатата недела се наоѓа на боледување. Каде се наоѓа тој во моментов, институциите не откриваат, а официјални информации за неговиот статус нема.

Првите неофицијални информации до кои дојде „Скопје1“ се дека судијата е под истрага се појавија уште пред Нова година, кога од правосудните кругови се проширија гласини дека бил извршен претрес во објект поврзан со него. Тогаш ниту една институција не ги потврди, но ниту ги демантираше тие информации иако нашата редакција бараше одговори. Сомневањата уште тогаш упатуваа на можноста дека се испитува дали земал мито за да влијае врз судски одлуки. Според неофицијални сознанија, при првиот претрес во рамки на истрагата, на Ристов му бил одземен и мобилниот телефон.

— реклама —

Претресот кој започнал вчера напладне и траел до доцна вечерта резултирал со пронаоѓање на 350.000 евра, заѕидани во ѕид во домот на неговите родители во Неготино. Засега не се соопштува дали биле пронајдени и други предмети. Дел од медиумите објавија информации дека истражителите претходно наишле и на друг „бункер“ за пари на посебна локација, кој бил празен, но оваа информација досега не е независно потврдена.

Обвинителството одбива да сподели дополнителни детали, со образложение дека секое откривање информации може да ја загрози истрагата. Поради тоа, јавноста останува без одговор и на прашањата кои вообичаено не се сметаат за тајни во оваа фаза од постапката. До Кривичниот суд, заклучно со овој момент, не е доставено барање за определување мерки за претпазливост, меѓу кои и притвор. Доколку такво барање биде поднесено, судијата што ќе одлучува ќе мора најпрво да се обрати до Судскиот совет за укинување на имунитетот на Ристов, па дури потоа да се одлучува за евентуални мерки.

— реклама —

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција официјално соопштија дека истрагата продолжува и дека сите истражни дејствија се насочени кон целосно расчистување на сомневањата за корупција и незаконско стекнување имот.

— реклама —
media-library7iqjo8ige4eb3Sng2XT

Од судење на најкрупни предмети до 350.000 евра во ѕид: хронологија на кариерата на Ѓоко Ристов

Судијата Ѓоко Ристов од 2020 година е судија во Апелациониот суд во Скопје, каде во изминатите години одлучуваше по некои од најкрупните и најчувствителни судски предмети во кои обвинети беа политичари, бизнисмени и лица со значителна моќ и влијание. Паралелно со неговата работа, до Судскиот совет имало претставка со наводи дека одредени предмети се задржуваат во фиока, додека истовремено се бара мито за нивно решавање, особено во случаи каде Ристов бил судија-известител.Еден од најпознатите пре

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykvthg4k5ut31a4JlRGp

Најдени 350.000 евра во соѕидан простор во домот на родителите на судијата од Апелација, осомничен за висока корупција

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека постапката за случајот поврзан со Ѓоко Ристов, судија во Апелациониот суд во Скопје, е проширена, по интензивни истражни дејствија што се преземаат од средината на декември.Како што информира Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапката е иницирана откако на 14 декември бил осомничен адвокат за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Во текот на истрагата, обвинителството обе

Македонија | пред 8 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp9ob7fmubiqk44j4Q8Y

„Не мислев дека ќе одат толку далеку“, рекол таткото на судијата Ѓоко Ристов кога полицијата ги нашла заѕиданите 350.000 евра

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-librarydpnicq8ibi208QQpSMW

По случајот со заѕиданите пари, сопругата на судијата Ристов јавно ја прозва обвинителката која го гони

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryuadlke8nh9i81Rsl9O1

Вице Заев, Камчева, Јахоски, Азманов и Ременски меѓу контактите на судијата Ѓоко Ристов

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykvthg4k5ut31a4JlRGp

Во судница пуштен материјал од прислушувани разговори: Сопругата на судијата Ѓоко Ристов договара средба со таткото на двајца обвинети за тежок криминал

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања