Промени тема
Контакт

Што треба да знаете пред да започнете со вежбање во бременост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-libraryak3gti919j23fELOujf
фото: unsplash

Бременоста е период во кој е особено важно да се обрне внимание на здрав начин на живот, кој вклучува правилна и разновидна исхрана, внесување доволни количини вода и физичка активност, советуваат лекарите.

Ако се прашувате дали е во ред да вежбате за време на бременоста, одговорот е: апсолутно. Сепак, треба да вежбате умерено и да изберете вежби кои се прилагодени на овој период.

Не треба да се пренапрега телото ниту да се изложувате на ризик, но ако се чувствувате добро и сте здрави, умерената физичка активност е повеќе од добредојдена и во бременоста.

Истражувањата покажуваат дека жените кои се грижат за своето здравје и физичка кондиција имаат помалку проблеми и компликации при породување. Затоа, вежбањето, пешачењето и умерената активност можат да бидат од голема корист.

Потребно е да се следи правило да не се чувствува непријатност, па вежбите треба да се прилагодат на физичката кондиција и можностите, без пренапрегање.

— реклама —

Може да се вежба три до четири пати неделно по 20 до 40 минути. Се започнува со лесно загревање, потоа се прават активни вежби, а на крај се прави истегнување.

Физички активна бремена жена се чувствува подобро и психички и физички и полесно ги поднесува трудничките тегоби. Има помалку болки во грбот, помал замор и подобро варење.

— реклама —

Воедно, закрепнувањето по породувањето најчесто е побрзо и полесно, а вишокот килограми се губи побрзо.

Со вежбање за време на бременоста се одржува општа кондиција и сила. Се зајакнуваат мускулните групи важни за нормална бременост и за подготвеност по породувањето.

Особено е важна јачината на јадрото (стомачните мускули), која помага во намалување на болки во грбот и општо подобра стабилност на телото.

— реклама —

За време на бременоста се случуваат бројни хормонални промени, па вежбањето е важно и за подобро расположение, велат тренерите.

Се препорачува тренинг за цело тело, со акцент на зајакнување на сите мускули, особено оние што се најоптоварени во бременоста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

rfgferge-184092

ГАК ги отфрла обвинувањата на родилката од Охрид: „Постапено е по протокол, постојат и пишани докази“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
bremeno

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе проверува како здравствените установи и медицинскиот персонал постапувале со родилката од Охрид

Македонија | пред 2 седмици

media-library01t308amkupk2jI5x9T

Директорот на охридската болница за случајот со родилката од Охрид: Двапати одбила хоспитализација, а невистина е дека имало недоличен однос

Македонија | пред 2 седмици

media-library5ip0ooj8thfa6jtzlxV

ГАК формира комисија за поплаките и отфрла дел од наводите на родилката: „Во ниту еден момент не била во животозагрозувачка состојба“

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања