Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Штрајк на шпанските железници по смртоносните несреќи: „Доста е од занемарена инфраструктура“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-librarypsu7cqocjou55zfu1Dz
unsplash Jacek Janiczak

Вработените во шпанските железници започнаа тридневен штрајк, протестирајќи против, како што наведуваат, долгогодишното занемарување на инфраструктурата и недоволното финансирање, кои, според синдикатите, директно придонеле за двете тешки железнички несреќи во јануари, во кои загинаа 47 лица.

— реклама —

Синдикалните претставници посочуваат дека со години предупредувале на потребата од подобро одржување и посериозни инвестиции во железничката мрежа. Според нив, железничарите се исцрпени од систем што, наместо безбедноста, приоритет им дава на кратењата на услугите. Протестите кулминираа со собири во повеќе градови, меѓу кои и Мадрид, каде што беше испратена пораката дека состојбата повеќе е неодржлива.

— реклама —

Дополнителен проблем, според синдикатите, претставува и значително зголемениот број на патници. Во последната деценија, бројот на корисници на железничкиот превоз се зголемил од околу десет милиони на повеќе од 22 милиони годишно, што создава дополнителен притисок врз мрежата која, како што тврдат, не е соодветно модернизирана и контролирана.

— реклама —

Во јануари, две сериозни несреќи ја потресоа шпанската јавност. Во Андалузија и Каталонија животот го загубија двајца машиновозачи и неколку десетици патници. Најтешката несреќа се случи на линијата Малага–Мадрид, кога последните три вагони од возот се одвоиле и завршиле на спротивната пруга, по што во нив удрил воз од спротивен правец со брзина од околу 210 километри на час, при што загинаа најмалку 46 лица.

— реклама —

Шпанија располага со најголемата железничка мрежа во Европа и втората најголема во светот, веднаш по Кина, но синдикатите предупредуваат дека без итни инвестиции и сериозни реформи, безбедноста на патниците и вработените останува сериозно загрозена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvcjhvpm1ppcnaO2r4ln

(Видео) Генералниот штрајк во Шпанија заврши со судири, пожари и ограбени продавници

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarygsta2uk90qan3gvYwnl

(Видео) Шпанија парализирана: Четири милиони работници на генерален штрајк, судири со полицијата и десетици приведени

Свет | пред 5 дена

media-libraryaul2tl106a902NwdXGY

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во Шпанија, можеби било скриено повеќе од 20 години

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Спорт | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања