Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Шумската мафија го опустоши Лопушник“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Политичката партија Левица преку објава на социјалните мрежи обвини за масовна сеча на планината Лопушник и побара разрешување на генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“, Здравко Трајанов, како и на заменик-генералниот директор Кире Михаилов.

Од партијата посочуваат дека снимки кои деновиве се споделуваат во јавноста прикажуваат, како што велат, големи површини со исечена шума, оштетени стебла и траги од тешка механизација на планината Лопушник.

— реклама —

Според Левица, неопходно е раководството на претпријатието да одговори дали за сечата постоеле соодветни одобренија и врз основа на каква шумско-стопанска документација е спроведена.

Од партијата наведуваат дека постојат сомнежи за незаконска сеча и бараат надлежните институции да извршат детална проверка на терен.

— реклама —

„Ова не е изолиран случај, туку проблем кој, според нас, се повторува во повеќе шумски подрачја низ државата“, соопштија од Левица.

— реклама —

Во реакцијата се бара итно вклучување на Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина и Шумската полиција, со цел да се утврди фактичката состојба и јавно да бидат објавени наодите од евентуалната истрага.

Левица смета дека актуелното раководство на „Македонски шуми“ сноси одговорност за состојбите во претпријатието и поради тоа побара нивно разрешување.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 15 часа

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 1 ден

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања