Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Шумските пожари повторно беснеат во Франција: Речиси 200.000 луѓе би можеле да бидат евакуирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryqth82vev47eg7E5Ah3k

Шумските пожари повторно се разгореа во југозападна Франција, откако екстремно високите температури и силниот ветер во текот на викендот ја влошија состојбата на теренот. Властите се подготвуваат и за можноста од евакуација на речиси 200.000 жители доколку огнената стихија продолжи да се шири.

— реклама —

Иако кон крајот на минатата недела ситуацијата изгледаше постабилна, временските услови повторно го отежнаа гаснењето на пожарите. Неколку населени места се под закана, а пожарникарските екипи се насочени не само кон гаснење на огнот, туку и кон заштита на домовите.

— реклама —

Еден од пожарите повторно се активирал во општината Сен-Жан-д’Ијак, каде што се испратени голем број пожарникари и дополнителни сили.

„Се наоѓаме на задниот дел од пожарот што избувна во неделата околу 15 часот. Поради временските услови ангажиравме значителни сили, кои се насочени кон гаснење на шумскиот пожар, но и кон превентивна заштита на куќите“, изјавил командантот на пожарникарите Томас Мимијак.

— реклама —

Шумските пожари веќе со недели претставуваат сериозен проблем во Јужна Европа, особено во Франција и Шпанија, каде што огнот досега уништи стотици илјади хектари вегетација.

— реклама —

Властите во Франција продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата и се подготвуваат за дополнителни мерки доколку пожарите повторно добијат поголеми размери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 2 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 4 дена

media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања