Промени тема
Контакт

Сведок на пожарот во „Пулс“: паднав, ме газеа, па ја изгубив свеста - полицајците не ми пружија помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
puls-35-1

Густ црн чад и жештина што не се издржува — вака сведокот Тоше Трендафилов ги опиша првите секунди по избувнувањето на пожарот во дискотеката „Пулс“. Тој наведе и дека во објектот не забележал противпожарни апарати. Кобната вечер, како што изјави, го видел и сопственикот Дејан Јованов-Деко како учествува во гаснењето на пожарот. Сакал да бега преку тоалетите каде што отишле повеќе негови познаници, но пријател кој го придружувал го убедил да си излезат преку главниот влез.

— реклама —

„Се спушташе густ црн чад од плафонот, не се издржуваше од жештината. Имаше деца едни врз други. Се обидував да излезам, но беше невозможно. Луѓето лежеа едни врз други, кога паднав ме турнаа и ме газеа, повраќав. Ја ставив маицата на уста, по што изгубив свест, некој ме извлекол надвор“, рече преживеаниот Трендафилов.

— реклама —

Тој додаде дека барал помош од полицајци кои биле пред објектот, но тие му кажале да се тргне од местото и според неговото сведочење, не била укажана помош.

„Не ми пружија помош“, рече тој.

— реклама —

Претходно:

— реклама —
media-libraryjhlt00pjmhbdfXaYYxP

Сведоштво на преживеан од Пулс: „Го најдов брат ми на самиот праг, меѓу тела без свест, а имаше еден излез од 'Пулс'“

„Го најдов брат ми на самиот праг. Имаше многу тела. Ги тргав за да стигнам до него“, вака сведочеше Кристијан Панов од Кочани, опишувајќи го хоророт кога, во хаосот и чадот, повторно влегол во дискотеката „Пулс“ во потрага по својот брат Андреј.Според неговото сведоштво, внатрешноста на објектот била исполнета со густ чад, со луѓе без свест и со минимална видливост. Налетал на пожарникар, но поради недоволно осветлување бил принуден да се снаоѓа со светлото од мобилниот телефон. Андреј Панов би

Македонија | пред 8 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 3 дена

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 5 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 5 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања