Промени тема
Контакт

Сведоштво на преживеан од Пулс: „Го најдов брат ми на самиот праг, меѓу тела без свест, а имаше еден излез од 'Пулс'“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryjhlt00pjmhbdfXaYYxP

„Го најдов брат ми на самиот праг. Имаше многу тела. Ги тргав за да стигнам до него“, вака сведочеше Кристијан Панов од Кочани, опишувајќи го хоророт кога, во хаосот и чадот, повторно влегол во дискотеката „Пулс“ во потрага по својот брат Андреј.

— реклама —

Според неговото сведоштво, внатрешноста на објектот била исполнета со густ чад, со луѓе без свест и со минимална видливост. Налетал на пожарникар, но поради недоволно осветлување бил принуден да се снаоѓа со светлото од мобилниот телефон. Андреј Панов бил пронајден на самиот излез, меѓу други повредени и онесвестени лица.

Андреј, братот на Кристијан бил префрлен во болница, но реанимацијата била безуспешна. Тој ги опиша моментите пред и откако избувнал пожарот.

— реклама —

Во дискотеката дошол два часа по полноќ. Излегол пред вратите за да запали цигара, па видел како полицајци влегуваат внатре. За кусо време, како што рече, за околу 30 секунти, имало стампедо.

— реклама —

„Сите почнаа да трчаат, луѓе врз луѓе, најмногу заглавени меѓу двете врати“, изјави Панов, додавајќи дека настапот на ДНК бил во тек и дека од бината бил упатен повик публиката да излезе надвор.

Тој сведочеше дека од Пулс имало еден излез и влез, не бил означен и не видел противпожарни апарати. Посочи дека во објектот и пред трагедијата се користела пиротехника кога имало настапи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања