Промени тема
Контакт

Шведскиот министер Пал Јонсон: Трамп ја преувеличува заканата на Путин кон Гренланд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
grenland

Американскиот претседател Доналд Трамп ја преувеличува заканата што, според него, руските и кинеските бродови ја претставуваат за Гренланд, изјави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон. Иако потврди дека големите сили имаат намера да го прошират своето присуство во арктичкиот регион, Јонсон ги отфрли тврдењата на Трамп дека островот е опкружен со голем број руски и кинески бродови, пишува Телеграф.

Трамп во повеќе наврати го користеше овој аргумент за да ги оправда своите планови за анексија на островот, богат со ретки метали, во наредните недели или месеци.

Прва директна критика од НАТО
Европските лидери досега беа претпазливи во отвореното критикување на тврдењата и стратегијата на Трамп за преземање на островот од Данска. Јонсон е првиот висок функционер на НАТО кој, во знак на поддршка за соседна Данска, јавно изрази сомнеж во изјавите на американскиот претседател дека Гренланд е „насекаде опкружен со руски и кинески бродови“.

— реклама —

На прашањето дали Трамп го претерува бројот на непријателски бродови околу Гренланд, Јонсон одговори дека таквите тврдења не се совпаѓаат со проценките што ги прават за регионот. Тој наведе дека, иако има зголемување на бројот на кинески истражувачки бродови во Арктикот, обемот на тоа присуство е „ограничен“.

„Не мислам дека со тоа треба да се претерува, во најголем дел станува збор за истражувачки бродови“, додаде Јонсон. Неодамнешните податоци од системите за следење на бродови не покажале присуство на кинески или руски бродови во близина на Гренланд. Дански безбедносни експерти, исто така, остро ги отфрлија тврдењата на Трамп, оценувајќи дека бродовите за кои зборува се „плод на неговата фантазија“.

— реклама —

Воен одговор на Арктикот
Јонсон изјави дека нордиските земји се свесни дека Русија има „намера повторно да воспостави присуство во неколку воени капацитети што Москва порано ги имаше на Арктикот“. Сепак, тој нагласи дека Шведска, заедно со сојузниците од НАТО, е подготвена да распореди специјални единици и воени сателити.

— реклама —

„Имаме арктички и субарктички капацитети. Едно е да се преживее во таква средина, а друго е да се води борба, а нашите војници – како и норвешките и финските – ги поседуваат тие способности“, рече Јонсон. Тој додаде дека Шведска инвестира во набавка на до 10 воени сателити за подобар увид во состојбата на терен.

Како одговор на потенцијалните закани, Данска во средата испрати војници на Гренланд на воена вежба и најави проширување на военото присуство со поддршка од сојузниците. Германија, Франција, Шведска и Норвешка ќе ѝ помогнат на Данска во зајакнувањето на безбедноста на Гренланд. Обединетото Кралство испрати еден воен офицер, додека Германија најави испраќање на 13 воени лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

svedska

Шведска утре гласа: Избори што ќе одлучат дали крајната десница влегува во владата

Свет | пред 1 ден

— реклама —
uploads_thumbs_resize_800x420_531367

Десетици случаи на мали сипаници во Шведска, повеќето заразени деца не биле вакцинирани

Свет | пред 1 седмица

svedska

Шведска вежба масовни погреби на загинати војници: Подготовки за најтешкото сценарио

Свет | пред 1 седмица

media-library5069kdt5r0kr4tOTOI2

Шведска нуди до 32.000 евра за доброволно да ја напуштат земјата – стотици веќе се пријавиле

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања