Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СЗО и Министерството за здравство започнаа процес за подобрување на здравствениот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library323kcu6i6mq42zl2UBx

Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација, започна национална иницијатива за унапредување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјава.

— реклама —

Иницијативата беше официјално промовирана на национална работилница во Скопје, на која присуствуваа министерот за здравство Азир Алиу, претставникот на СЗО во Македонија, д-р Аким Али, како и д-р Жоао Бреда, раководител на Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствената заштита и безбедност на пациентите во Атина.

— реклама —

На настанот учествуваа и претставници на институции од здравствениот сектор, меѓу кои Агенцијата за акредитација и квалитет на здравствената заштита, Фондот за здравствено осигурување, Институтот за јавно здравје, здравствени установи, академската заедница, професионални здруженија и пациентски организации.

— реклама —

Во рамките на иницијативата ќе биде спроведена првата сеопфатна проценка на националната рамка за квалитет на здравствената заштита во Македонија. Процесот ќе вклучи широки консултации со институции и засегнати страни, со цел да се утврди актуелната состојба и да се дефинираат приоритетите за идни реформи и инвестиции во здравствениот систем.

— реклама —

Од Министерството посочуваат дека квалитетот на здравствените услуги и безбедноста на пациентите претставуваат клучен сегмент од реформите во здравството и основа за изградба на поефикасен и посигурен здравствен систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dijabetes

Обезбедени сензори за гликемија за 800 лица со дијабетес тип 1, зголемени и количините на инсулинска и антидијабетична терапија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library6b7i8j46cm5u9P1a6C1

Клековски и бугарската министерка за здраство договорија здравствена соработка до 2028 година: заеднички проекти, обуки и размена на експерти

Македонија | пред 2 седмици

media-librarys90tb8fde4dnadEnjc0

Отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките во Клиничката болница во Штип

Македонија | пред 3 седмици

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Нема понуди на тендерот за вакцини против грип, Министерството за здравство очекува да бидат обезбедени во текот на месецов

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања