Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

СЗО потврди нов случај на хантавирус: Бројот на заразени расте

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryc6d6vuj4gv1h6bwHhpi

Потврдени се шест случаи на хантавирус од осум сомнителни случаи пријавени по избувнувањето на заразата на крузерот „MV Hondius“ во Атлантскиот Океан, соопшти Светската здравствена организација.

— реклама —

Имено, СЗО во соопштението наведе и дека преостанатите два од осум сомнителни случаи се сметаат за „веројатни“.

„До 8 мај вкупно се пријавени осум случаи, вклучувајќи три смртни исходи (стапка на смртност од 38 отсто). Шест случаи се лабораториски потврдени како инфекција со хантавирус, а сите се идентификувани како последица на вирусот Андес, за кој е познато дека се пренесува меѓу луѓето“, се наведува во соопштението на СЗО.

— реклама —

СЗО напомнува дека четири пациенти моментално се хоспитализирани. Еден е на интензивна нега во Јоханесбург во Јужноафриканската Република, два се наоѓаат во различни болници во Холандија, а еден во Цирих, во Швајцарија.

— реклама —

СЗО појасни дека лицето кое се лекува во болницата во Диселдорф, во Германија, било тестирано негативно и „повеќе не се смета за случај“.

Крузерот MV Hondius, кој патувал од Аргентина кон Зелено’ртските Острови, е во центарот на меѓународно внимание откако СЗО објави дека три патници починале и дека се сомнева дека биле заразени со хантавирус.

— реклама —
media-librarycet6ejajaj5m1MONxM2

(Видео) Жителите на Тенерифе во страв поради доаѓањето на „крузерот на смртта“: Отворено го покажаа бесот

Шпанската влада, во договор со Светската здравствена организација (СЗО), одлучи да овозможи истовар на патниците од бродот на кој е забележана епидемија на хантавирус. Бродот допловил од Островите Зелено’ртски, од каде претходно три лица биле евакуирани поради болеста.Во меѓувреме, на Тенерифе се чувствува сè поголема загриженост. Работниците на пристаништето во Санта Круз во петок излегоа пред парламентот на Канарските острови за да го изразат стравот дека доаѓањето на заразениот крузер може да

Свет | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynu895defg3c45y8j8M4

Австралија го продолжи карантинот за патниците од крузер со хантавирус

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryc6d6vuj4gv1h6bwHhpi

Бројот на заразени со хантавирус од крузерот се искачи на 13

Свет | пред 4 седмици

media-librarynu895defg3c45y8j8M4

Потврден нов случај на хантавирус кај патник од бродот „Хондиус“

Свет | пред 4 седмици

media-library6htarhp04gpsbR82zqt

Пациент со симптоми на хантавирус хоспитализиран во Лисабон

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања