Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Температурите во Франција ќе достигнат до 40 степени, издаден портокалов аларм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library7eb6tjv5qen8eeDBwUQ
Photo by Viktor Talashuk on Unsplash

Седум департмани во Франција се под портокалово предупредување поради екстремен топлотен бран. Температурите во одделни делови од земјата би можеле да достигнат и до 40 степени Целзиусови.

— реклама —

Седум департмани во Франција се под портокалово предупредување поради топлотниот бран, откако од пладне департманот Приморски Алпи беше вклучен во највисокото ниво на предупредување за големи горештини, соопшти денеска метеоролошката служба „Метео-Франс“.

Приморски Алпи им се приклучи на департманите Буш ди Рон, Јужна Корзика, Горна Корзика, Гар, Еро и Вар, кои веќе беа под портокалово предупредување, пренесе „Фигаро“.

— реклама —

Департманите Источни Пиринеи, Од, Ардеш, Дром, Воклиз и Алпи Горна Прованса се под жолто предупредување поради високите температури.

— реклама —

Според „Метео-Франс“, причина за топлотниот бран е „маса на многу топол воздух“ која неколку дена се задржувала над земјата, а сега се поместува кон југоисток под влијание на невреме и продор на посвеж воздух. Метеоролошката служба наведува дека, иако најинтензивните горештини се повлекуваат кон Медитеранот, долж медитеранскиот брег и понатаму се очекуваат високи ноќни температури меѓу 22 и 26 степени Целзиусови.

Попладневните температури ќе бидат слични на оние од петокот, а во внатрешноста на департманите Вар и Приморски Алпи би можеле да достигнат од 39 до 40 степени Целзиусови.

— реклама —

„Метео-Франс“ предупредува дека екстремните горештини ќе се задржат и во наредните денови, но се очекува топлотниот бран постепено да слабее.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 2 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 4 дена

media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања