Промени тема
Контакт

Тошковски: Единицата за интервентна полиција е спој на решителност и професионалност кои даваат одлични резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
6-1

„Единицата за интервентна полиција денес се одликува со оперативна мобилност и широк оперативен опфат, координираност, професионалност, а се во насока на поголема функционалност и ефикасност на севкупниот полициско-безбедносен систем на подрачјето на главниот град. Како во смисол на спроведување на законите на сите нивоа, односно домени на надлежности, така и во поглед на остварување на зацртаните проекции и планови на Секторот за внатрешни работи Скопје“.

— реклама —

Ова, денес, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање по повод одбележувањето на јубилејот- пет години од формирањето на Единицата за интервентна полиција, што се одржа во седиштето на оваа организациона единица при СВР Скопје во касарната „Ѓорче Петров“.

— реклама —

Нагласувајќи го уверувањето дека ЕИП како високообучена формација ќе продолжи да се надградува и да еволуира со цел да одговори на новите предизвици на безбедноста кои ги наметнува новото време и динамиката на животот, како и позитивните статистички показатели во работата на единицата, министерот Тошковски потенцираше дека – „таквите резултати не обврзуваат да ја потврдиме неопходноста од вложување во модернизирање и надградување на нејзините капацитети за натамошно ефикасно справување со сите облици на криминално делување“.

— реклама —

Инаку, на свеченоста се обрати и командантот на Единицата за интервентна полиција, Васко Наумовски, кој пак се осврна на конкретните показатели од секојдневното работење на Единицата, посочувајќи дека во периодот од почетокот на годинава заклучно со ноември 2024 припадниците на ЕИП на подрачјето на СВР Скопје извршиле легитимирање на 22.662 лица, 20.985 прегледи на лица и уште 9.096 - прегледи на патнички моторни возила, како и 477 непосредно забележани лица, а дополнително како резултат на извршувањето на работните задачи по разни основи од слобода се лишени и приведени вкупно 1.816 лица.

— реклама —

„За нас како припадници на Единицата, од огромна важност е фактот што актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи препознавајќи го овој позитивен тренд јасно најави, а и практично делуваше во насока на мотивационо наградување на колегите, на нужноста од натамошни инвестирање во развојот и унапредувањето на Единицата, односно на нејзините професионално-технички капацитети, а се со цел натамошно подигање на безбедносните стандарди на подрачјето на главниот град, во името на сигурноста и спокојот на нашите сограѓани“, истакна Наумовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања