Промени тема
Контакт

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна“ од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
1-1-2

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на полигонот Пепелиште присуствуваше на промоција на 43 специјални транспортни возила пренаменети за справување со пожари и презентација на нивната противпожарна моќ кои ќе бидат користени во гаснење на пожарите.

— реклама —

„Македонија добива „Македонска интервентна пожарна“ од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите. Се работи за 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително се очекуваат уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортери БТР 80 со резервоари од 6 тони и 5 оклопни транспорти Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 и 8 тони. Сите 43 специјални возила се опремени или се во фаза на опремување со моќни водни пумпи со домет на водениот млад од 25 до 100 метри“, истакна министерот Тошковски.

— реклама —
— реклама —

Возилата се предадени на Дирекцијата за заштита и спасување а се преземени од Министерството за внатрешни работи и други институции а огромна поддршка во нивно опремување имаше и од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

— реклама —

Пренамената на овие возила дава можност тие повторно да ја исполнуваат својата цел за што се наменети, да бидат искористени во одбрана на Македонија, во овој случај од пламените јазици на пожарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања