Промени тема
Контакт

Тошковски: Обвинителството и МВР не може да ги претвориме во „преки суд“ за политички поени на некои недобронамерници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека СДСМ, ДУИ и Левица со обвинувањата кои ги шират за трагедијата во Кочани се обидуваат да ја манипулираат јавноста. Посочува дека се постапува за над 50 осомничени, но истрагата не е завршена, сѐ уште трае, а обвинителите, според него покажале дека навистина можело да се работи и поинаку.

— реклама —

Тошковски повтори дека против секој еден за кој има докази е поднесена пријава од страна на МВР, како и дека ќе биде соодветно процесуиран секој за кој ќе се најде доказ дека е причинско-последично поврзан со предметниот кривично-правен настан од аспект на исполнување елементи на конкретно кривично дело.

— реклама —
— реклама —

„Истрагата не е завршена. Ние не можеме, Обвинителството и МВР да ги претвориме во „преки суд“ (Одлука по кратка постапка без докази, итна постапка) зашто некои политички недобронамерници сакаат на гневот на македонскиот народ кој самите го предизвикале уште толку повеќе да го искористат во насока на крадење, манипулирање и стекнување политички поени. Тоа нема никогаш да го дозволам како министер. Јас работам во интерес на граѓаните и до сега од сработеното на јавните обвинители гледам посветеност, гледам како 11 обвинители се фокусирани на целосно расчистување на овој случај, заедно со истражителските тимови на МВР, нешто што во минатото било незамислива именка”, рече истакна Тошковски.

— реклама —

Тој повтори дека никој нема да биде толериран или изземен од истрагата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања