ВО ЖИВО

Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски

Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Трајановски: Да не беше политичката омраза, досега ќе беше готова Универзална сала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Koce-Trajanovski

,,Кога ќе те обземе политичката омраза настанува нереализација или одлжување на проектите кои си ги наследил.

— реклама —

Во 2015г. Падна дел од кровот на Универзалната сала поради што ја затворивме за користење.

Веднаш во соработка со Владата се направи проект во вид на Јајце.

— реклама —

Но поради тоа што беше многу скап ( околу 15 мил евра) а и поради реакции на граѓаните дека треба да се задржи постојниот изглед проектот не се реализираше.

Затоа се направи нов проект преку Универзална сала а во соработка со владата и министерството за култура и градот Скопје со кој се задржа постојниот изглед на куполата, се предвидоа дополнителни сали за манифестации и конференции. Покрај тоа се предвиде и подземен паркинг кој овозможуваше подобра пристапност и функционалност на објектот.

Проектот беше готов крајот на 2016 и почеток на 2017г. ( Види видео )

Во јуни 2017г се изгласа нова влада на чело до СДСМ во која за министер за култура беше избран г-дин Алаѓозовски.

Со оглед на тоа што бев градоначалник до октомври 2017, во летото 2017 на мое барање остварив средба со министерот на која му го преставив проектот и го замолив за финансирање на проектот со оглед на тоа што од претходната влада имаше заклучок за нејзино финансирање.

За жал тоа не се оствари а мене ми заврши мандатот во октомври 2017г.

Еден од првите предизборни собири во 2017 на г-дин Петре Шилегов како кандидат за градоначалник ги направи токму пред Универзалната сала и вети дека ќе биде меѓу првите проекти кој ќе го реализира.

За жал поради неговата политичка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ наместо да распише тендер за изградба тој порача нов проект.

Беше поднесена и кривична пријава на дириректорот на Универзална сала која по неколку години беше отфрлена од судот.

Во новиот проект кој е со челична конструкција не беше предвиден подземен паркинг што преставува голем недостаток

Новиот проект кој го направи започна да се гради при крај на неговиот мандат.

Добро е што почна да се гради, но за жал многу доцна поради политичката омраза и затоа не се реализација во неговиот мандат.

Преку договор меѓу градот Скопје и министерството за култура продолжи реализацијата под капата на министерството.

За жал овој пожар уште повеќе ќе ја одолговлечи реализација.

Посакувам Универзалната сала да се заврши во предвидениот рок и граѓаните на градот Скопје да добијат уште еден старо- нов културен објект.

Голема среќа е што нема човечки жртви.

Уште еднаш ќе повторам да не беше политичката омраза и во 2017-2018 да се почнеше изградбата според проектот кој му го оставивме на градоначалникот Петре Шилегов досега ќе беше готова Универзалната сала.”, вели Коце Трајановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7oj28mmh9qcd08SaNRO

Избран изведувачот за реконструкцијата на Универзална сала – проектот ќе биде готов до декември 2027 година

Македонија | пред 1 месец

univerzalna-sala2

Нова Универзална сала во Скопје со 1200 седишта и современа опрема до 2027 година

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2024-04-09-at-11.35.13

Арсовска бара да се запрат работите на Универзална сала, ама таа не нејзина лична своина, порача министерката Стојчевска

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Левица: Универзалната сала - руинирана и запоставена од властите, изгоре во пожар

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања