Промени тема
Контакт

Трамп: Американската војска е подготвена да го уништи Иран ако има обид за атентат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нова остра закана кон Иран, тврдејќи дека илјада американски ракети се веќе распоредени и насочени кон Исламската Република, а дека уште илјадници се подготвени за лансирање доколку иранските власти се обидат да извршат атентат врз него.

Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп наведе дека наредбите веќе се издадени и дека американската војска е подготвена да реагира.

— реклама —

„Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници веднаш ќе следат доколку иранската влада ја спроведе својата закана за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави – во овој случај, мене“, напиша Трамп.

— реклама —

Тој додаде дека американските вооружени сили се „подготвени, расположени и способни“ во период од една година, со можност за продолжување, „целосно да ги срамнат со земја и да уништат сите области во Иран“.

— реклама —

Објавата доаѓа во период на високи тензии меѓу Вашингтон и Техеран, по серијата воени и дипломатски судири меѓу двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3d618c6e52p27Acvs7F

Иран: Ормускиот Теснец може да биде отворен за неколку дена ако САД ја укинат блокадата

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран до САД постави седум услови за преговори: „Подготвени сме за одлучувачка војна“

Свет | пред 3 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Иран егзекутира маж: Го обвинија дека на Мосад му давал информации за ракетни позиции

Свет | пред 4 дена

nafta-mazut

САД бараат заплена на 61 милион долари: Иран наводно „испрал“ 1,5 милијарди преку криптовалути

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања