Промени тема
Контакт

Трамп до Европа: „Сами борете се, Америка нема да ве спасува, не бевте со нас - нема да бидеме со вас“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryuah5ngfuo4nc9vCIa1H

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до европските сојузници, порачувајќи дека Соединетите Американски Држави повеќе нема автоматски да им помага во безбедносни и енергетски кризи.

— реклама —

Во објава на Truth Social, Трамп директно ги повика европските држави, меѓу кои и Обединетото Кралство, сами да се справат со последиците од кризата во Ормутски теснец, клучна рута за глобалниот транспорт на нафта.

„Ќе мора да научите сами да се борите. САД повеќе нема да бидат тука да ви помагаат, како што ни вие не бевте тука за нас“, напиша Трамп, додавајќи дека европските земји треба „да соберат храброст и сами да го преземат теснецот“.

— реклама —

Тој истовремено предложи европските држави да купуваат енергенси од САД, нагласувајќи дека американските ресурси се доволни за снабдување.

— реклама —

Изјавата доаѓа во контекст на продлабочени несогласувања меѓу Вашингтон и дел од европските сојузници, кои одбиваат директно да се вклучат во воените операции против Иран.

Во меѓувреме, конфликтот меѓу САД, Израел и Иран трае повеќе од еден месец, со напади врз воена и енергетска инфраструктура и сериозни последици врз глобалните енергетски текови.

— реклама —

Пораките од Трамп дополнително го отвораат прашањето за иднината на трансатлантските односи и улогата на НАТО, во услови на сè поголем јаз меѓу САД и европските партнери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 5 дена

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Свет | пред 6 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања