Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп до Иран: „Подобро брзо да се придвижите или нема да остане ништо од вас“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја заостри реториката кон Иран, објавувајќи нова директна закана на својата социјална мрежа „Трут соушл“.

„За Иран часовникот отчукува и подобро би било да се придвижат, БРЗО, или од нив нема да остане ништо. Времето е од клучно значење!“, напиша Трамп.

— реклама —

Објавата доаѓа веднаш по неговото враќање од Пекинг и дополнително ги засили шпекулациите дека дипломатските обиди за решавање на кризата во Ормускиот Теснец се во целосен застој.

Само неколку часа претходно, Трамп објави и АИ-генерирана фотографија на која позира на воен брод со пораката „Тоа беше затишје пред бура“.

— реклама —

Според аналитичарите, серијата агресивни пораки претставува директен притисок врз иранското раководство, но и подготовка на американската јавност за можен крај на примирјето кое стапи во сила на 7 април.

— реклама —

„Њујорк тајмс“ претходно објави дека соработниците на Трамп веќе подготвиле оперативни планови за можни нови воздушни напади врз Иран.

Меѓу опциите што се разгледуваат се нови бомбардирања на ирански воени и енергетски цели, како и испраќање специјални единици во нуклеарниот комплекс Исфахан за обезбедување високо збогатен ураниум.

— реклама —

Во меѓувреме, Техеран порача дека иранските вооружени сили се подготвени да одговорат на евентуален напад.

Според информации на американските медиуми, Иран повторно ставил во функција 30 од 33 ракетни позиции долж Ормускиот Теснец, кои претставуваат закана за трговските рути и американските воени сили во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydgdlficm01r1dRIgsqV

(Видео) Трамп не ја исклучува воената интервенција на Куба: „Сакам да го решам прашањето пред да заминам“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 1 ден

media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 1 ден

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања