Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп: Ја сакам Европа, но таа не оди во добар правец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска во Давос изјави дека САД се светскиот економски мотор и дека пред само една година, под водство на „радикалната левица“, земјата била „мртва“.

— реклама —

„Нашата економија цвета, инвестициите растат, инфлацијата е поразена, границите се затворени и непробојни, а САД се во средината на најбрзиот економски пресврт во историјата“, рече Трамп во своето обраќање.

— реклама —

На почетокот на говорот тој потсети дека вчера се одбележала една година од неговиот втор мандат во Белата куќа и дека за тоа време се случиле големи промени. Според него, САД бележат неверојатен економски раст, каков што земјата досега немала.

— реклама —

„Верувам дека наскоро ќе видите раст каков што ниту една земја досега не го видела“, истакна Трамп.

Тој додаде дека граѓаните се задоволни од неговото владеење, дека се обезбедени бројни нови инвестиции и дека за четири години биле обезбедени 18 билиони долари инвестиции. „Бевме мртва земја, а сега сме најдобрата земја во светот. САД ќе растат трипати побрзо од прогнозите на ММФ“, рече американскиот претседател.

„Го подигнуваме животниот стандард на граѓаните на многу повисоко ниво. Луѓето што доаѓаат кај нас можат многу да научат. Европа во одредени делови изгледа непрепознатливо, и тоа не во добар контекст. Ја сакам Европа и сакам да се развива“, изјави Трамп.

Тој нагласи дека кога Америка паѓа, паѓаат сите, но и дека сега промените се случуваат многу брзо. „Денеска сакав да зборувам за тоа како ќе ги подигнеме економските стандарди и како, ако нè следите, во иднина нема да се препознаете“, додаде тој.

„Ја сакам Европа и сакам да напредува, но таа не оди во добар правец. Во последната деценија и нашата и вашата економија потрошија премногу на непотребни инвестиции и мигранти“, рече Трамп, додавајќи дека се увезува население од далечни земји, што според него создава сериозни проблеми и големи трговски дефицити.

Трамп истакна дека САД го намалиле дефицитот за 28 отсто за една година и дека инфлацијата е намалена во однос на периодот на администрацијата на Бајден.

Според Трамп, трговскиот дефицит е намален за 77 отсто, домашното производство на челик пораснало за 300 отсто и низ земјата се градат нови челичарници. Тој додаде дека производството на нафта значително се зголемило и дека САД произведуваат повеќе енергија од Кина.

Говорејќи за Венецуела, Трамп изјави дека земјата во наредните шест месеци ќе заработи повеќе отколку за цела година. „Тие беа одлична земја, сега имаат проблеми и ние им помагаме. Ќе заработуваат повеќе пари од кога било“, рече американскиот претседател.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Свет | пред 9 часа

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Свет | пред 19 часа

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Свет | пред 19 часа

media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања