Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Курдите нè изневерија, но ќе им го запомнам тоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp
The White House

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не се согласувал со идејата курдските милитантни групи во Ирак да бидат вооружени како дел од планот за соборување на иранскиот режим во раната фаза од конфликтот.

— реклама —

Според повеќе медиумски извештаи, постоел американско-израелски план за испорака на оружје на курдските групи, како и можност за поддршка на вооружен бунт против Техеран. Сепак, како што наведува „Тајмс оф Израел“, протекувањето на информациите во јавноста, лобирањето на меѓународни актери, меѓу кои и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и претпазливоста на самите Курди, придонеле Трамп на крајот да се откаже од таа идеја.

Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп изјави дека САД испорачале оружје до Курдите, но дека тие, според него, го задржале наместо да го употребат во борбата против Иран.

— реклама —

„Искрено, Курдите нè изневерија. Не се согласував со таа одлука. Велев: ‘Не, не верувам дека ќе го исполнат тоа’“, рече Трамп.

— реклама —

Тој додаде дека смета оти американското оружје останало кај курдските сили.

„Мислам дека го задржаа оружјето за себе. Мислам дека тоа е срамота, но ќе им го запомнам тоа“, изјави американскиот претседател.

— реклама —

Трамп воедно упати критики и кон медиумското известување за конфликтот со Иран, оценувајќи дека иранските власти биле изненадени од начинот на кој биле претставени во дел од медиумите. Истовремено, го пофали известувањето на дописникот на „Фокс њуз“ за надворешна политика, Треј Џингст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 13 часа

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 14 часа

media-library9vmjcgllr5aaf51lBV9

Трамп призна дека поддршката за Израел и војната придонеле за изборниот пораз на републиканците

Свет | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања