Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп претстави план за прекин на војната во Газа: „Историски ден за цивилизацијата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
gaza1

Американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа го претстави својот план со 20 точки, за прекин на војната во Газа, нарекувајќи го „еден од најголемите денови во историјата на цивилизацијата“ и документ што може да донесе „вечен мир на Блискиот Исток“.

Планот е објавен по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Според анализата на Би-Би-Си, иако реториката на Трамп беше претерана, документот претставува важен дипломатски исчекор и промена во ставот на Вашингтон за иднината на Газа по завршувањето на војната.

— реклама —

Што предвидува планот?

Предлогот содржи општи принципи, но не и детални решенија за најспорните прашања – повлекувањето на израелските сили, ослободувањето на таоци и затвореници и управувањето со Газа. Сепак, документот предвидува:

  • прекин на борбите и делумно повлекување на израелската војска,

  • ослободување на сите преостанати заробеници во замена за стотици палестински затвореници,

  • воспостаувување локална техничка власт во Газа под надзор на „Комитет за мир“ со претседател Трамп и поранешниот британски премиер Тони Блер,

  • амнестија за припадниците на Хамас кои ќе предадат оружјето, додека останатите би биле протерани,

  • меѓународни сили кои би ја презеле контролата врз безбедноста и би ги разоружале палестинските фракции.

Палестинската државност е спомната условно – како можност доколку Палестинската самоуправа спроведе реформи.

— реклама —

Реакции и пречки

Хамас засега нема јасен став. За Би-Би-Си еден нивни претставник изјавил дека планот „не ги штити палестинските интереси“ и нема да биде прифатен без целосно израелско повлекување.

— реклама —

Нетанјаху, пак, стоејќи покрај Трамп, рече дека Израел ги прифаќа принципите, но дел од неговата десничарска коалиција веќе изрази противење. Опонентите го потсетуваат дека и во минатото рушел договори кога му се заканувала политичка нестабилност.

Арапските земји го поздравија фактот што документот не предвидува присилно иселување на Палестинците и барем условно ја споменува државноста.

Истовремено, борбите на теренот продолжуваат – Израел распореди нова оклопна дивизија во Газа, а Хамас подготвува илјадници борци за „последна, одлучувачка битка“.

Аналитичарите предупредуваат дека рамката на Трамп ќе бара долги и тешки преговори за да прерасне во конкретен мировен договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 17 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања