Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп се закани на Иран: Ако почнат убиства на демонстранти, ќе удриме силно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остро предупредување до иранските власти, порачувајќи дека Соединетите Американски Држави внимателно ја следат состојбата со масовните протести во Иран и дека ќе реагираат „многу силно“ доколку режимот почне да ги убива демонстрантите.

— реклама —

Изјавата Трамп ја даде по состанок со раководители на американски нафтени компании во Белата куќа, нагласувајќи дека Иран се наоѓа во „голема неволја“ и дека протестите се шират и во градови каде што, како што рече, до пред неколку недели никој не можел да замисли дека е можно граѓаните да излезат на улица.

— реклама —

Трамп истакна дека САД будно ги следат случувањата и дека веќе јасно ставил до знаење оти нема да останат пасивни доколку дојде до крвопролевање. Според него, доколку иранските власти применат смртоносна сила врз учесниците на протестите, САД ќе возвратат со силен удар „таму каде што најмногу ги боли“.

Претседателот притоа појасни дека ваквата најава не значи испраќање американски копнени трупи во Иран, туку употреба на други форми на силен притисок. Тој нагласи дека Вашингтон не посакува ескалација, но дека нема да дозволи повторување на сценарија од минатото кога, според него, иранските власти без последици се пресметувале со сопствениот народ.

— реклама —

Трамп направи и споредба со претходни американски администрации, оценувајќи дека во минатото имало случаи кога САД целосно се повлекувале од вакви ситуации. Сегашните случувања во Иран, како што рече, се „неверојатни за гледање“ и се директна последица на лошото и репресивно постапување на режимот кон граѓаните.

— реклама —

Изјавата на американскиот претседател доаѓа во момент кога протестите во Иран продолжуваат да се шират, а меѓународната заедница сè погласно реагира на насилството, прекините на интернетот и обидите на властите да ја задушат јавната побуна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

Иран сè уште располага со до 2.500 балистички ракети и покрај американските и израелските напади

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarymqmoqndcrmt5djuxiZl

Експлозии и сирени во Бахреин, Иран тврди дека нападнал американска воена база

Свет | пред 1 ден

media-libraryov0djnslj3i7edB3QDo

Иран бара одговорност од САД и Израел: Меѓународното право не смее да биде подредено на силата

Свет | пред 3 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Јемен обвинува: Иран ги користи Хутите за притисок врз земјите во регионот и светот

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања