Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Тренчевска: Тошковски вчера ја прекрши пресумпцијата на невиност, се враќаат старите методи на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
JovanaTrencevska-2

„Изјавата на министерот за внатрешни работи е некоректна затоа што постои пресумпција на невиност и не може да се спомнуваат лица, за кои надлежниот орган, ЈО сè уште не оформил предмет, односно нема доволно докази за било каква вмешаност во овој случај. Ниту за поранешниот премиер, ниту за поранешниот генерален секретар не е покренат степен на сомневање,“ изјави пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска во гостувањето на ТВ 24.

— реклама —

Со вакви изјави и постапки, како што посочи Тренчевска, власта се обидува да врати стари методи на политички прогон:

„Ова наведува на тоа дека се прави политички прогон од страна на власта. Сè уште не се избришани сеќавањата и сликите кај сите граѓани во државата, како беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беше на власт, каков политички прогон се правеше на лица, за дел од кои понатаму се покажа дека ЈО не ни собра доволно докази за да бидат обвинети.“ - рече Тренчевска.

— реклама —

СДСМ јасно стои на ставот дека секој кој прекршил закон треба да одговара, но институциите треба да делуваат непристрасно и врз основа на докази, а не под диктат на владејачките партии.

— реклама —

Тренчевска остро реагираше и на изборот на лица во правосудството откако ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта и обивни за силна партизација на судството.

„Кој член го избравте во совет на ЈО? Другарчето на вицепремиерот Меџити. Кого избравте за член на Судски совет? Жена на градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Изгледа тефтерчето на Гордана повторно ви работи,“ нагласи Тренчевска.

— реклама —

СДСМ повикува на одговорност и професионално работење на институциите, без политички притисоци и обиди за селективна правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygdmp8ucu5oh90RoJiIt

2 години Влада на Мицкоски: Нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања, вели Тренчевска

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Trencevska

Тренчевска до ВМРО-ДПМНЕ: Колку забегавте, ви треба прослава додека доцни социјалната помош?

Коментари | пред 2 седмици

media-library1bt4smd6t3fj0PrtIRF

Тренчевска ја претстави програмата „Твоја држава, твоја шанса“: Мерки за повисоки плати, 50% повисоки пензи и достоинствен живот

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrhnl1ug5d5radqH5vac

Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања