Промени тема
Контакт

Учениците повторно во училишните клупи: Почнува второто полугодие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска започнува второто полугодие.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска преку објава на социјалните мрежи им посака успех на учениците, наставниците и стручните служби во училиштата во претстојниот период.

— реклама —

„Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и на стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и со голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник“, напиша Јаневска.

Министерката минатата недела изјави дека, според информациите од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје, нема пречки за почеток на второто полугодие и покрај актуелната состојба со грипот.

— реклама —

Таа апелираше до родителите и до учениците за редовно посетување на наставата и што поретко изостанување од училиште, нагласувајќи дека истражувањата, и во Македонија и на глобално ниво, покажуваат дека учениците кои редовно ја следат наставата постигнуваат подобри резултати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6kmpd6pkgevl0HWPpab

(Фото) Суперхерои ги пречекаа дел од првачињата во Кисела Вода: Посебен почеток на првиот училишен ден

Македонија | пред 5 часа

media-libraryj377ib98nm7o4vd6P4m

(Видео) Новата учебна година започна со приредба во ООУ „Киро Глигоров“ во Центар

Македонија | пред 14 часа

skolo-4

Од денеска повторно во училишните клупи: 238 илјади ученици ја започнуваат новата учебна година

Македонија | пред 16 часа

skolo-4

26 подрачни училишта привремено ќе престанат со работа поради недостиг на ученици

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања