Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Вакцинацијата против грип треба да започне во втората половина на октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
vaccino-antinfluenzale-il-piemonte-punta-ad-aumentare-la-cop-12018.660x368
Илустрација

Обезбедени или во постапка се 56.000 од планираните 80.000 дози вакцини против грип, а целта е вакцинацијата да започне во истиот период како и претходните години, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

— реклама —

Како што посочи Клековски, Светската здравствена организација годинава ги промени сите три соја на вирусот на грип, што, според него, е ретка појава и довело до доцнење во производството на вакцините во повеќе земји.

— реклама —

Тој информираше дека тендерот во Македонија останал без понудувач, но дека веднаш биле преземени активности за обезбедување вакцини по друг пат.

„Веќе имаме обезбедени или во постапка 56.000 од планираните 80.000 дози, кои ќе бидат во Македонија до 15 ноември“, посочи Клековски.

— реклама —

Според министерот, во последните три години вакцинацијата против грип започнувала меѓу 16 и 25 октомври, а целта е и годинава да се обезбедат услови за почеток во истиот период.

Бесплатна вакцина против грип ќе имаат лицата над 65 години, хронично болните, бремените жени и здравствените работници. Од Министерството најавуваат дека дополнително ќе информираат за терминот и начинот на закажување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycqh6qksdg2gn7FhRACX

Министерот Клековски ги претстави здравствените приоритети на Македонија пред меѓународни претставници

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Благодарност до дарителите и нивните семејства

Македонија | пред 6 дена

media-librarytcckb61h292c8J4Zmw4

Клековски се сретна со повредените во „Пулс“, најавена долгорочна здравствена грижа

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl0f52n0hq62d8iTpBLq

Клековски во Софија размени искуства за рано откривање здравствени состојби кај новороденчињата

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања