Промени тема
Контакт

„„Везилка“ ќе придонесе за посилна наука, поконкурентна економија и поголеми можности за младите“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library047trdboc5qeeOvcjiF

На официјалното претставување на Националната фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“, премиерот Христијан Мицкоски оцени дека станува збор за проект од стратешко значење, кој ќе придонесе за развојот на науката, економијата и младите кадри во државата.

Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека постојат проекти чија вредност не се мери само преку инвестицијата што ја носат, туку и преку нивната способност да ја менуваат иднината на едно општество.

— реклама —

„Проектот „Везилка“ е токму таков проект. Тој претставува вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании, но и јасна определба државата да биде активен учесник во технолошките процеси што го обликуваат современиот свет“, порача премиерот.

Според него, развојот на вештачката интелигенција веќе создава нови економски модели, отвора нови индустрии и поставува нови стандарди за конкурентност, поради што способноста на државата да создава знаење и да ги поврзува науката и стопанството е од клучно значење.

— реклама —

Мицкоски нагласи дека особена вредност на „Везилка“ е што проектот е резултат на заедничка визија на Владата, академската заедница и Европската Унија.

„Ваквите партнерства создаваат трајни резултати затоа што ги обединуваат знаењето, искуството и ресурсите околу заедничка цел – создавање современа, конкурентна и иновативна Македонија подготвена за предизвиците и можностите на новото време“, рече тој.

Премиерот истакна дека преку овој центар се отвораат нови перспективи за македонските истражувачи, универзитети, стартап-заедницата и компаниите кои развиваат производи и услуги со висока додадена вредност.

— реклама —

Тој посебно го потенцираше значењето на проектот за развојот на македонски јазични модели и дигитални алатки на македонски јазик.

„Во време кога новите технологии сè повеќе стануваат простор во кој се создава и споделува знаење, присуството на сопствениот јазик претставува прашање на културен континуитет, научен развој и национална самодоверба“, истакна Мицкоски.

— реклама —

Тој упати честитки до Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за нивната посветеност и визија, како и благодарност до Европската Унија за поддршката на проектот.

„„Везилка“ претставува почеток на еден процес кој ќе придонесе за посилна наука, поконкурентна економија и поголеми можности за младите луѓе. Процес што ќе помогне Македонија да се позиционира таму каде што знаењето има клучна улога и каде што иднината се гради со домашен потенцијал, домашна експертиза и домашна визија“, порача премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски: Да не го забораваме Бледскиот договор и враќањето на моштите на Гоце Делчев

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

„Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања“, порача Мицкоски на средбата со фон дер Лајен

Македонија | пред 2 дена

media-library97b291jf4162d1NiJ8k

Премиерот Мицкоски и сопругата Рози со Трамп: „Македонија и САД се сојузници засновани на доверба, поддршка и пријателство“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања