Промени тема
Контакт

(Видео) 34-ти „Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите бараат правда и одговорност за трагедијата во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryjkensb0astald29R9Fe

Денеска во Кочани, со почеток во 14:05 часот, се одржа 34-тиот протестен „Марш за ангелите“, на кој родителите на загинатите и бројни граѓани ја изразија својата болка и незадоволство поради, како што велат, недоволната одговорност за трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Во обраќањето пред присутните, родител на едно од загинатите деца истакна дека маршот не е израз на навика или инает, туку повик против молкот. „Чекориме за нашите деца, за 63 ангели чии животи згаснаа прерано. Овој марш не е само марш на тишината, ова е тишина што вреска“, рече тој.

— реклама —
— реклама —

Родителите порачаа дека болката од загубата не поминува со време, а уште потешко е чувството дека правдата доцни. Според нив, и покрај јасните законски обврски, одредени службени лица од Министерството за внатрешни работи сè уште не се соочиле со обвиненија.

„Селективната правда не е правда, молкот не е неутрален, а одолговлекувањето не е случајност. Нашето барање е јасно и легитимно – правда за нив и одговорност сега“, беше порачано на маршот.

— реклама —

Настанот помина со голем број учесници кои носеа свеќи и транспаренти, симболично оддавајќи почит на загинатите и упатувајќи повик до надлежните институции за целосна и навремена правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymg4hvid9deuccAiKZrS

„Одолжувањето нема магично да создаде аргументи“: Реакција за судењето за трагедијата во Кочани

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања