Поранешниот директор на Царинската управа и поранешен градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, со лисици на рацете беше спроведен во Кривичниот суд во Скопје, каде треба да се одлучува за предлогот на Обвинителството за определување мерки за обезбедување на неговото присуство во постапката.
Претходно, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против Богоев, како поранешен директор на Царинската управа, против помошник-директор во институцијата, две физички лица од приватен сектор и едно правно лице.
Според сомнежите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година, при спроведување на јавна набавка за надворешно одржување на хигиената на граничните премини и терминали биле вметнати ограничувачки критериуми во тендерската документација, со што биле создадени услови конкретна фирма да ја добие набавката.
Финансиската полиција тврди дека на тој начин на правното лице му била овозможена противправна имотна корист од 18.479.692 денари.
Во предметот се истражуваат и сомнежи за поткуп и посредување при незаконито влијание врз службени лица. Според пријавата, едно од осомничените лица користело влијание и контакти за да обезбеди преземање службени дејствија кои не смееле да бидат извршени, а во случајот наводно биле давани и ветувани подароци и други користи.
Финансиската полиција дополнително наведува дека Богоев, во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, директно и индиректно побарал и примил подарок и друга корист за себе, дел непосредно, а дел преку друго лице.
Против осомничените се поднесени кривични пријави за „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, „примање поткуп“, „давање поткуп“ и „примање награда за противзаконито постапување“.
За случајот постапува Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое треба да одлучи за понатамошните чекори во истрагата.
Обвинителство со детали за истрагата во Царина: Се бара притвор за Богоев, осомничен дека примил мито од над 111.000 денари
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против С.Б., во својство на директор на Царинската управа, С.М., помошник-директор во Царинската управа, Д.Г. како овластено лице во правно лице, А.С. како вработен во правно лице, како и против едно правно лице, поради сомнежи за злоупотреби во постапка за јавна набавка и коруптивни дејствија.Според Финансиската полиција, постојат основи за сомнение дека во период
Македонија | пред 3 седмици