Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, обвинувајќи го за пропагандни кампањи, навреди кон граѓаните и избегнување конкретни одговори.

— реклама —

„Ја почитувам функцијата, меѓутоа премиере, не и тебе лично, најмногу поради тоа што на тој начин ја практикуваш власта. Користиш разноразни пропагандни механизми, лажни кампањи, оцрнувања, дискредитации“, рече Филипче.

Тој оцени дека Мицкоски повеќе од две години не одговара конкретно на прашањата од опозицијата, туку, како што рече, прибегнува кон навреди и пренасочување на вниманието.

— реклама —

Филипче се осврна и на политичките односи со Унгарија и Србија, тврдејќи дека поддршката од овие земји се намалува. Притоа, упати критики за наводни финансиски текови и побара одговори за можни трансфери на пари од Србија, споменувајќи ги и „Алта банка“ и кинеските пари од Унгарија.

— реклама —

„Ако е тоа стварно така, мене ми е вака човечки жал за тебе, да ти кажам право, не политички, ама патот сам си го избираш“, изјави Филипче.

Лидерот на СДСМ отвори и прашања поврзани со наводен трансфер на дрога преку границата, оценувајќи дека за овие теми ќе мора да се дадат одговори пред надлежните институции, каде што, според него, нема да може да се избегнуваат конкретни прашања со дефокусирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

(Видео) „Ја промаши професијата - би бил добар уредник на „Информер“ и Колегиум“: Филипче до Мицкоски

Македонија | пред 17 минути

— реклама —
media-libraryouv2cb98p7a5awoQPvE

(Видео) „Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија“: Филипче до Мицкоски

Македонија | пред 1 час

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

(Видео) „Бараме минимална плата од 36.000 денари“: Филипче за амандманите на СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) „Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања