Промени тема
Контакт

(Видео) Германски комичар се обиде да подигне американско знаме во Гренланд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-librarynj9tqbu7fi1b72Sfrqu

Градоначалничката на главниот град на Гренланд упати апел до медиумските работници и креаторите на содржини за одговорно однесување, откако германски комичар неуспешно се обиде да подигне американско знаме, предизвикувајќи огорченост кај локалното население. Аваарак Олсен порача дека авторите на вакви содржини треба сериозно да размислат пред да се впуштат во шеги на сметка на заканите со кои се соочува Гренланд, објави „Гардијан“.

Баварскиот комичар Макси Шафрот (41) се обидел да подигне американско знаме на јарбол во близина на културниот центар во Нуук, но бил спречен од револтирани минувачи. На нивното прашање што прави, тој тврдел дека е американски функционер, по што се оддалечил, пренесе новинар на агенцијата Франс прес од местото на настанот. Според локалните медиуми, Шафрот бил пријавен во полиција и му била изречена парична казна.

— реклама —
— реклама —

Градоначалничката на округот Сермерсоок, во чиј состав е и главниот град, остро реагираше на инцидентот, оценувајќи дека подигнувањето на знамето на воена суперсила која со недели упатува закани кон земјата не може да се смета за шега. Таа нагласи дека ваквиот чин, изведен пред главниот културен центар, е исклучително штетен и несоодветен.

Олсен истакна дека жителите на Гренланд, а особено децата, се загрижени и исплашени поради актуелната состојба. Според неа, поттикнувањето на тие стравови заради содржина, кликови или смеа не претставува храброст или креативност, туку дополнително ја зголемува тензичноста кај и онака ранливото население. Таа апелираше до креаторите да застанат и да размислат пред да снимаат или изведуваат нешто што го сметаат за „смешно“, оценувајќи дали таквите постапки ја информираат јавноста или само создаваат чувство на несигурност кај семејствата.

— реклама —

Инцидентот се случува во период на зголемени тензии, додека владата на Гренланд работи на намалување на стресот и тешкотиите кај населението, предизвикани од повторените изјави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за можноста за преземање на овој арктички териториј. Долгогодишните територијални аспирации на Трамп кон Гренланд, кој е автономна територија во рамки на Данска, предизвикаа една од најсериозните кризи во историјата на НАТО. Во меѓувреме, заканите со употреба на сила беа повлечени и започнаа разговори со Копенхаген и Нуук.

— реклама —

Шафрот во Германија е познат по учеството во сатиричната емисија „Екстра Драи“, која се емитува на телевизијата НДР и ја следат повеќе од еден милион гледачи. Во изјава за „Дер Шпигел“ и данската агенција Рицау, телевизиската куќа изрази жалење поради инцидентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Гренланд добива посилна воена заштита, Данска очекува долгорочно присуство на НАТО

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library96df0u2d44el9dZ3eo7

Се приближува договорот за Гренланд: „Одговорноста нема да биде само на Данска и САД“

Свет | пред 1 седмица

fon-der-lajen

Европа го засилува присуството на Арктикот: Фон дер Лајен во Гренланд со нова финансиска помош

Свет | пред 4 седмици

media-library2h7328lt783640HaCUr

Гренланд им го запре проектот: Одложено американското бушење за нафта поврзано со Трамп

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања