Промени тема
Контакт

(Видео) „Мирис на палеж и хаос пред болницата“: Сведоштво за драмата по пожарот во бар во Сион, сомнежот е дека го предизвикала петарда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library65d7i3vghbbh0CsW5DR

Очевидка која ноќта ја поминала во болницата во Сион заедно со својата мајка, за локалниот весник „Le Nouvelliste“ ја опиша драматичната атмосфера во моментите кога во здравствената установа почнале да пристигнуваат повредените од пожарот што избувнал во бар за време на новогодишната прослава.

Според нејзиното сведоштво, медицинска сестра им наредила на сите лица кои се наоѓале во чекалната веднаш да ја напуштат просторијата, откако болницата била информирана дека пристигнуваат десетици повредени лица.

„Медицинската сестра нè замоли сите да си заминеме и да се вратиме следниот ден, бидејќи доаѓаа околу триесет повредени по експлозијата“, изјавила жената за локалниот медиум.

— реклама —

Таа раскажува дека излегла надвор за да го ослободи пристапот до итниот прием, по што настанал целосен хаос.

„Луѓе доаѓаа од сите страни, тешко повредени лица пристигнуваа со автомобили, се чувствуваше силен мирис на палеж. Возилата беа оставани среде пристапната рампа, без никаква контрола“, вели очевидката.

Во меѓувреме, истрагата за причините за пожарот сѐ уште е во тек, а официјалните информации остануваат ограничени. Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, за телевизијата Sky TG24 изјави дека првичните сознанија укажуваат на трагедија предизвикана од пожар и можна експлозија.

„Се чини дека станува збор за трагедија предизвикана од пожар, некаков вид експлозија, можеби од петарда фрлена за време на новогодишните славења“, изјави Тајани.

— реклама —

Тој информираше дека италијанскиот амбасадор е на пат кон местото на несреќата и дека конзуларните служби формирале кризен штаб со цел да се утврди дали меѓу настраданите има италијански државјани. „Во овој момент не можеме да го исклучиме тоа, бидејќи сѐ уште немаме потврдени информации“, додаде Тајани.

Италијанскиот министер нагласи дека Владата на Италија внимателно ја следи ситуацијата „од минута во минута“ и дека е во постојан контакт со италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1mohc4m0oo2ncYNGEzd

Oд оваа учебна година забранети мобилните телефони во средните училишта во Франција

Свет | пред 3 дена

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Над 200 тони медузи ја запреа нуклеарната централа во Франција: Два реактори целосно исклучени

Свет | пред 4 дена

media-library1seeolfisv512BaJbuL

(Видео) Автомобил удри во пешаци пред железничка станица во Франција: едно лице загина, десет се повредени

Свет | пред 6 дена

media-library9dhvsp7jkjl23VCOsQI

Француски службеник дрогирал жени на разговори за работа за да мократ пред него

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања