Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Нова закана од Трамп: 200 отсто царини за Франција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека има намера да воведе царини од 200 отсто на француските вина и шампањи, во рамки на поширока закана за воведување трговски мерки против европските земји кои се спротивставуваат на неговиот план поврзан со Гренланд.

„Ќе воведам царини од 200 отсто за француските вина и шампањи, а Макрон, ќе се приклучи на мировниот совет“, изјави Трамп пред новинарите, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Францускиот претседател Макрон претходно порача дека Франција „во оваа фаза нема намера позитивно да одговори“ на понудата за учество во таканаречениот мировен совет. Тој оцени дека заканите со царини се неприфатливи и нагласи дека Франција и Европската унија нема да подлегнат на притисоци.

— реклама —

Трамп во повеќе наврати изјави дека, според негово мислење, европските земји „нема да пружат сериозен отпор“ на неговиот план за преземање на Гренланд, што предизвика остри реакции од европските лидери.

— реклама —

Како одговор, Макрон побара од Европската унија да го активира Инструментот против присила, познат како трговска „базука“, со цел заштита на европските економски интереси. Тој истакна дека Европа ќе одговори обединето и координирано и дека европскиот суверенитет мора да биде зачуван.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

makron-tramp

Макрон од францускиот архипелаг крај Канада му одговори на Трамп: „Ова е француско“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
makron

Макрон бара состанок на Г7: Ќе се разговара за енергијата поради растот на цените на горивата

Свет | пред 3 дена

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Свет | пред 3 дена

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Макрон: Европа и Франција се соочуваат со засилени руски хибридни закани

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања