Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Протестите во Франција ескалираат: Запалено Градското собрание во Лимож, историска зграда стара 143 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryplu3hboraqqm6znTlK5

Историското градско собрание во францускиот град Лимож е речиси целосно уништено во пожар за време на насилните протести поради високите трошоци за живот. Според локалниот префект Морис Бара, архитектонскиот споменик стар 143 години е „во најголем дел изгубен“.

— реклама —

Пожарот избувнал откако група маскирани демонстранти запалила паркирано полициско возило, а потоа упаднала во зградата, кршејќи ги прозорците. Огнот предизвикал сериозни оштетувања на објектот, при што покривот и историската камбанарија се урнале во внатрешноста на зградата.

— реклама —

Речиси две третини од надворешниот дел на градското собрание се претвориле во урнатини. Пожарникарите се бореле со огнената стихија до доцните ноќни часови, но не успеале да спречат уривање на значителен дел од објектот.

Зградата била изградена во 1883 година, а нејзината архитектура била инспирирана од Париската општина. Локалните власти го оценија пожарот како катастрофален удар за културното наследство на градот.

— реклама —

Во меѓувреме, слични судири, грабежи и напади врз јавна инфраструктура биле забележани и во Париз, Лион и Лил, во рамките на бранот насилни протести што ја зафатија Франција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybduht2vmm23q42x82L9

Директорите на училиштата во Франција бараат заштита по серијата напади и насилни инциденти

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 3 дена

media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 3 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања