Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) За правда нема да молиме – ќе се бориме: Илјадници граѓани на Маршот на ангелите во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library7o12f4v3ikl2f3ANeFv

Со силни емоции, болка и решеност, повеќе од 4.000 граѓани денеска им се приклучија на родителите на загинатите млади во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на големиот Марш на ангелите што се одржа во центарот на Скопје. Настанот започна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, а заврши пред Основниот кривичен суд, симболично — таму каде што следната недела треба да започне судењето за случајот.

Маршот беше во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март 2025“, и е првиот од ваков вид што се одржа во главниот град, откако родителите 30 саботи по ред маршираа во Кочани — најчесто сами, без институционална или јавна поддршка.

Во емотивен говор пред Собранието, Анастасија Павловска (23) од иницијативата „Кој е следен“ со треперлив глас порача:

— реклама —

„Боли индиферентноста на сите овие институции и на сите оние кои не излегоа тука со нас. Боли затоа што институциите заминаа на одмор веднаш по трагедијата, а потоа си влегоа во кампања.“

Понесена од емоциите, Павловска на кратко ја загуби свеста, но родителите на загинатите деца ја поддржаа и не дозволија да падне. По неколку моменти, таа ја продолжи својата изјава, предизвикувајќи аплауз и солзи во публиката:

„Боли тоа што некој дозволил да помисли дека ова ќе се заборави. Ова не е нормално и нема да го прифатиме. Јас сум тука не поради политика, туку поради совест, поради човечност, поради љубов кон својата земја која заслужува подобро.

— реклама —

Овие родители заслужуваат подобро — и затоа за правда нема да молиме. За правда ќе се бориме.“

Маршот минуваше во целосна тишина и достоинство, со транспаренти на кои пишуваше: „Нема правда – нема мир“, „63 ангели“, „Срам за институциите“, „Каде затаи системот?“.

— реклама —

Многумина носеа фотографии од загинатите деца, цвеќиња и бело знаме со имињата на сите 63 жртви.

Организаторите порачаа дека ова не е последниот марш и дека ќе продолжат сè додека не се утврди целосна одговорност за трагедијата.

— реклама —

„Секое одење во Кочани е ново раѓање на болката. Но, нема да застанеме. Сè додека правдата не стане реалност“, изјавија од иницијативата „Кој е следен“.

Судењето за случајот со пожарот во ноќниот клуб „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, е закажано за 19 ноември.

Родителите на жртвите најавија дека ќе присуствуваат на секое рочиште, барајќи не само правна, туку и морална одговорност од сите институции што, како што велат, „затаиле кога најмногу требало“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr3cs3mf6i9mu4GVhQxR

(Видео) Татко на жртва од „Пулс“: Се радуваме на смртта, не на животот, што ќе ни е живот без нашите деца

Македонија | пред 2 седмици

media-library5ep6umtq6r4239PXoZj

Во сабота ќе се одржи 47. „Марш на ангелите“ во Кочани

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryp20sb7pbvsnr5GZXVqQ

Kочанчанец избега од полициска станица преку прозорец, откако бил приведен со бела прашкаста материја

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Нови осомничени во случајот „Пулс“: Инспектори со години не вршеле контроли

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања