Промени тема
Контакт

Вкупно 632 македонски државјани побарале евакуација, бројката во Абу Даби континуирано се зголемува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryfptj8pcjs80s1AaZxQs

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека заклучно со денес, вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток.

— реклама —

„Од нив, 136 лица се пријавени во Доха, додека бројката во Абу Даби континуирано се зголемува и во моментов изнесува околу 477 лица.

Во однос на македонските државјани во Израел, бројката останува непроменета. За дел од нив (вкупно 6 лица), со посредство на Министерството е завршена евакуацијата и тие одлучиле на сопствен трошок со комерцијални летови да заминат кон Скопје. Останатите шест лица, кои изразиле подготвеност за евакуација, во текот на денот ќе бидаѕ транспортирани по копнен пат од Израел во Египет, со асистенција на дипломатско-конзуларните претставништва. Тие ќе бидат сместени на безбедна локација, во хотел на товар на државата, а се очекува во текот на утрешниот ден со владиниот авион безбедно да полетаат кон Скопје.

— реклама —

Во делот на македонските државјани во Обединетите Арапски Емирати и Катар, дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби, во координација со надлежните институции, е во фаза на финализирање на техничките и логистичките детали за организација на чартер-летови. Целта на Министерството е, во координација со властите во Обединетите Арапски Емирати и Катар, да обезбеди неколку чартер-летови за евакуација на пријавените лица.

— реклама —

Истовремено, нашите дкп-а прават и посебен план за евакуација на граѓаните кои се во Бахраин и Кувајт.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува во постојан контакт и целосно на располагање на македонските граѓани, како и во редовна координација со надлежните локални власти, со цел безбедно и навремено спроведување на евакуацијата.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените региони (Обединетите Арапаски Емирати, Катар, Бахреин и Кувајт), доколку сè уште не го сториле тоа, веднаш да контактираат со надлежното дипломатско-конзуларно претставништво или со СОС бројот на Министерството“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysnqggkuq7e1afVssmvy

„Њујорк тајмс“: САД подготвуваат нов голем напад врз Иран, разработен план за тридневна операција

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjgophhe4evq21KnGWtW

Иран постави „црвена линија“: Признавањето на правото на збогатување ураниум е клучно

Свет | пред 3 дена

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран најави затворање на дел од пловните рути во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања