Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Власта го турка народот во должничко ропство – 260 милиони евра кредит“, а ќе вратиме над 326 милиони, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица преку соопштение остро го критикуваше новото задолжување на државата од 260 милиони евра, оценувајќи дека Владата ја турка Македонија во „должничко ропство“.

— реклама —

Од партијата тврдат дека задолжувањето, кое Владата го претставува како финансиски успех, е доказ за, како што велат, испразнета државна каса поради расипничко и неодговорно работење.

Според Левица, Македонија ќе земе 260 милиони евра, а ќе враќа повеќе од 326 милиони евра, при што само за камати и провизии граѓаните ќе платат над 66 милиони евра дополнително.

— реклама —

Партијата посочува дека кредитот е врзан со варијабилна каматна стапка – шестмесечен ЕУРИБОР плус 2,1 проценти маргина, што, според нив, претставува ризик во услови на инфлација и можни нови економски кризи.

— реклама —

Во реакцијата се наведува и дека Владата веднаш ќе плати 3,64 милиони евра еднократна провизија за задолжувањето.

Од Левица во соопштението обвинуваат дека власта нема економска стратегија и дека средствата повторно ќе се трошат нетранспарентно, без јасни развојни проекти и инвестиции што би донеле долгорочен бенефит за економијата.

— реклама —

Партијата предупредува дека државата влегува во циклус на постојано задолжување за покривање буџетски дефицити, наместо создавање одржлив економски раст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања