Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Во Франција денеска затворени над 400 училишта поради ученичките протести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryk7brfnuq4btuaoR1MEV

Повеќе од 400 училишта и други образовни установи во Франција денеска се очекува да останат затворени поради протестите на учениците, кои започнаа поради проблеми во образовниот систем, но на одделни места прераснаа во насилни инциденти.

— реклама —

Францускиот министер за образование Едуар Гефреј синоќа изјави дека според информациите со кои располага, затворени ќе бидат нешто повеќе од 400 училишта и други образовни установи.

Според извор близок до премиерот Себастиен Лекорни, француските разузнавачки служби на кризен состанок во четвртокот известиле дека протестното движење го започнала крајната левица, меѓу кои и членови на партијата „Непокорна Франција“ (LFI). Пратеникот на LFI, Луј Боајар, ја отфрли оваа оценка во изјави за француските медиуми.

— реклама —

Протестите поради недостигот од наставници и дотраените училишни објекти започнаа минатиот месец во областа на Париз, но со нивното ширење низ земјата стануваа сè понасилни. Десетици лица се повредени, а полицијата уапси стотици демонстранти.

— реклама —

Во четвртокот ученици предизвикале пожари во најмалку две средни училишта. Во трето училиште, во јужниот град Марсеј, наставници случајно биле испрскани со бензин, соопштија надлежните.

Во Стразбур, на истокот на Франција, бил запален најмалку еден автомобил, додека во Тулуз, на југозападот на земјата, интервентната полиција се судрила со млади демонстранти.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 2 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 4 дена

media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања