Време е да сфатиме партиите не се државата, системот нема да се промени сам - ние сме системот, пишуваат кочанчани на ФБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Коментари
puls-29

Кочанчани, кои ја администрираат страницата Кочани, а велат дека е создадена за да се обратат кога има проблем, алармираат на сите системски салбости. Притоа, посочуваат дека партиите не се државата, а граѓаните плаќаат даноци со што ги полнат буџетите од кои живеат политичарите. Советуваат, граѓаните да не се караат за тоа кој политичар е подобар, па апелирааат: „Системот нема да се промени сам ние сме системот“

— реклама —

„Дојде време да бираме децата или партиите. Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе. Ги бранат како да се нивно семејство, се караат со пријатели за нив, ги оправдуваат нивните грешки како да им должат нешто. Но, дали некогаш сте се запрашале што добивате за таа лојалност? Политичарите се менуваат, партиите доаѓаат и си одат, но нашите проблеми остануваат исти. Патиштата се распаѓаат, болниците се без основни услови, институциите не функционираат, а животот станува се потежок. И секогаш слушаме едно исто „Кога ќе дојдеме ние, ќе биде подобро“. Но, дали некогаш навистина стана подобро?

Проблемите не се нови, но никој не ги решава. Зошто требаше да се случи трагедија за да се сети целата држава дека Кочани постои? Граѓаните пред само неколку месеци протестираа 19 дена без прекин, барајќи конечно решение за депонијата. Им беше ветено дека ќе се донесе одлука да не се носи отпад од други општини. Ветувањето беше дадено, беше изгласано но што се случи? На празникот Свети Никола, со полициска придружба, отпадот повторно беше фрлен на истата депонија.

— реклама —

Министерот за животна средина не дојде да ги слушне граѓаните. Пратеникот од Кочани ниту еднаш не застанаа пред јавноста да бара решение за своите сограѓани. Истото се случува и со други проблеми се додека не дојде некоја трагедија, институциите се глуви.

Додека граѓаните чекаат промени, политичарите си ги решаваат личните проблеми. Кога треба да се изгласа нов закон за привилегии, нов службен автомобил или покачување на платите нема поделби, нема кавги. Сите се сложни. Секогаш има пари за нивните потреби, но за основните барања на народот „нема буџет“. Во меѓувреме, здравството е пред колапс. Болниците со години не се реновирани, немаат доволно опрема, а условите се катастрофални. Брзата помош функционира со стари и дотраени возила, најчесто добиени преку донации. Противпожарните единици работат со застарени камиони и недоволен број луѓе. Патиштата во државата стануваат се поопасни, дупките не се крпат, а кога ќе се случи несреќа виновни се граѓаните, а не институциите кои не ја завршиле својата работа.

Во Кочани, како и во многу други градови, се гради неконтролирано. Секој агол е претворен во градилиште, а никој не знае колку безбедно се градат тие згради. Трговскиот центар во Кочани е блокиран од доградби, а никој не поставува прашање што ако таму се случи несреќа? Кој ќе одговара?

Граѓаните се тие што плаќаат даноци, што ги полнат буџетите од кои живеат политичарите. Но, додека народот се кара кој политичар е „подобар“, сите тие си седат во удобните фотелји и ги уживаат своите привилегии.

Ако сакаме промена, треба да разбереме дека нема „наш“ и „нивни“ политичари сите се таму за да работат за нас, а не обратно. Кога последен пат сте виделе функционер да биде сменет затоа што не си ја завршил работата? Кога последен пат некој одговарал затоа што ветил, а не исполнил?

Додека не почнеме да бараме одговорност, додека дозволуваме да не’ делат на „нивни“ и „наши“, ништо нема да се смени. Секогаш кога ќе гласаме за лични интереси, наместо за општо добро, ќе добиваме ист резултат.

Системот нема да се промени сам ние сме системот. Ако почитуваме закони, ако не даваме мито, ако не прифаќаме празни ветувања тогаш нешто ќе се промени. Но, додека веруваме дека некоја партија е поважна од нашите сопствени права, тие ќе продолжат да не користат.

Време е да се запрашаме дали сме подготвени да се промениме самите ние и да започнеме да се почитуваме меѓусебе или ќе бидеме само навивачи на партии кои никогаш нема да се грижат за нас?

Никогаш не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите. Наместо да ги гушнете и да се борите за нив, вие ги избравте партиите што упорно ги гласате 33 години. И никогаш не си признавте заминаа затоа што немавте храброст да се спротивставите на партиите. Ова е став на админите на оваа страна. Ова е нашата последна објава на оваа страница“, пишува на страницата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Советот на Кочани едногласно „за“: ќе се гради спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“

Македонија | пред 1 ден

media-library1brtd3u6jeee4W162Ck

Девет полицајци влегле и ја виделе пиротехниката во „Пулс“, но никој не спречил да биде активирана - излезот не бил заклучен

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjhlt00pjmhbdfXaYYxP

Сведоштво на преживеан од Пулс: „Го најдов брат ми на самиот праг, меѓу тела без свест, а имаше еден излез од 'Пулс'“

Македонија | пред 6 дена

media-libraryfp5vj1n9ak0i9uUU1ss

Таткото на загинатата Надица со остра порака до адвокатката нa Деко: Кога кажавте дека тој е човек а не монструм беше најболна реченица досега

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања