Промени тема
Контакт

Вучиќ по телефонскиот разговор со Силјановска-Давкова: Заедно за посилен и постабилен регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryl09624oprd929CgiRTP

Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи соопшти дека остварил телефонски разговор со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, при што двајцата соговорници ја потврдиле подготвеноста за натамошно унапредување на билатералната соработка и добрососедските односи меѓу Северна Македонија и Србија.

Вучиќ преку објава на Инстаграм информираше дека во разговорот биле разменети мислења за актуелните регионални прашања, како и за можностите за продлабочување на соработката и за посилно поврзување во областите од заеднички интерес.

— реклама —

„Содржинскиот разговор со Гордана Силјановска-Давкова потврди дека меѓу нашите земји постои подготвеност да продолжиме да ги развиваме блиските и пријателски односи. Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно унапредување на соработката и можностите за уште посилно поврзување во областите од заеднички интерес“, напиша Вучиќ.

Тој додаде дека Србија останува посветена на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, како и на јакнењето на соработката со Северна Македонија, оценувајќи дека тоа е во интерес на граѓаните на двете држави и на целиот регион.

Според српскиот претседател, разговорот претставува потврда на заедничката определба на Белград и Скопје за натамошно унапредување на економската соработка, инфраструктурното поврзување и заедничките напори за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryncsau0cgb2rgbD77LPH

„Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството“, вели Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 1 ден

media-library1vjilcuthrnn5p0UpKV

Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство

Македонија | пред 1 ден

media-libraryal8cp76ncnqocgeAlMD

„35 години била жртва на насилство, заслужува староста да ја помине на слобода“, Сиљановска-Давкова го образложи помилувањето на Шефије Јакупи

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytb4hhas23vrd1fWqWFp

Познати имињата на осудениците кои ги помилува претседателката на Илинден

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања