Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вулканот Етна повторно прави хаос на Сицилија: 30.000 луѓе погодени, над 200 летови откажани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryo9kq7a64b7emf3eWRB0
screenshot x

Илјадници туристи останаа заглавени на Сицилија поради активноста на вулканот Етна, кој и натаму исфрла облаци пепел по ерупцијата од минатата недела. Поради вулканската активност, воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија е сериозно нарушен.

— реклама —

Аеродромот во Катанија е целосно затворен до утре во 11 часот, а повеќе од 200 летови биле откажани или пренасочени. Сообраќајот е нарушен веќе петти ден, во екот на туристичката сезона.

— реклама —

Патниците се обидуваат да стигнат до аеродромот во Палермо, од каде што можат полесно да продолжат кон меѓународните дестинации. Се проценува дека се погодени околу 30.000 луѓе. Многу туристи морале да го продолжат престојот на Сицилија, додека сместувачките капацитети се целосно исполнети. Дел од патниците ноќта ја поминале и на аеродромот.

Во меѓувреме, вулканот Етна продолжува со интензивна активност. Од петок тој исфрла големи количества пепел и врели карпи, додека од неговите отвори истекуваат и текови на лава.

— реклама —

Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), густи текови на лава избиваат од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри. Во текот на ноќта се отворил и нов отвор на височина од околу 1.900 метри.

— реклама —

Етна е висок повеќе од 3.300 метри и е еден од најактивните вулкани во Европа, поради што неговата активност внимателно се следи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

avtopat

Италија планира казни до 160 евра за возачите што возат премногу бавно

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhl591o7e89ejapHKGxp

Телата на четворицата загинати италијански војници испратени од БиХ кон Италија

Свет | пред 5 дена

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Штрајкови низ Италија поради растот на трошоците за живот, се очекуваат прекини во сообраќајот

Свет | пред 1 седмица

dzordza-meloni

Сајбернапад врз италијанскиот парламент, на мета и е-поштата на Мелони

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања