Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„За договорот со „Бехтел и Енка“ ќе се плаќаат милионски кредити - наместо репрограмирање ДПМНЕ го задолжи народот“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Од Левица преку соопштение обвинија дека Владата продолжува да го финансира проектот со Бехтел и Енка преку нови задолжувања, иако претходно, додека била во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ го критикувала договорот како нетранспарентен и штетен за државата.

— реклама —

Според партијата, граѓаните во минатото слушале ветувања дека договорот ќе биде репреговаран, дека ќе се утврди одговорност и ќе се преиспитаат спорните аспекти на проектот, но наместо тоа сега се обезбедуваат нови средства за негова реализација.

Од Левица прашуваат како проект што претходно бил оценуван како штетен и сомнителен, денес повторно добива финансиска поддршка од истите политички структури кои го критикувале.

— реклама —

Во реакцијата се наведува дека проблемот не се сведува само на еден проект, туку на долгогодишната пракса капиталните инвестиции да се реализираат со дополнителни трошоци, анекси и нови задолжувања кои, според нив, на крајот ги плаќаат граѓаните.

— реклама —

„Наместо функционална инфраструктура, добиваме нови долгови. Наместо резултати, добиваме оправдувања“, наведуваат од партијата.

Од Левица оценуваат дека државата заостанува зад соседните земји во привлекувањето инвестиции и развојот на инфраструктурата, предупредувајќи дека континуираното задолжување и политичките пресметки можат дополнително да ја намалат конкурентноста на земјата во регионот.

— реклама —

Партијата смета дека товарот од ваквите политики нема да го сносат политичарите, туку граѓаните, стопанството и идните генерации кои ќе ги враќаат денешните долгови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 22 часа

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 1 ден

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања