Промени тема
Контакт

Забрана на Тик Ток во Македонија и контрола на содржината на социјалните мрежи за поголема онлајн заштита на децата, бара ЛДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

Либерално-демократската партија најостро го осудува неодговорното и неконтролирано ширење на содржини на социјалните мрежи, како што е последниот ТикТок „предизвик“, познат како „Супермен“, кој само во последните 24 часа резултираше со повреди кај уште шест деца во Скопје и други градови низ Македонија.

„Најмладиот од повредените има само 10 години, а најстариот 17 години. Овие податоци не се само загрижувачки, туку алармантни. Децата, нашата најранлива категорија, стануваат жртви на опасни игри кои се пласираат преку социјалните мрежи. Тие содржини, под маската на „забава“, претставуваат сериозна закана за нивното физичко и ментално здравје, а ние како општество мора да преземеме одговорност и да ги спречиме ваквите несреќи.

Немањето соодветна контрола врз содржините кои се достапни на социјалните мрежи овозможува ваквите „игри“ да стигнат до најранливите корисници. Ова е директен удар врз нашата колективна одговорност како политички партии, како родители, како институции, но и генерално, како општество.

ЛДП потсетува на предлогот кој минатата година го достави до Министерството за образование и наука непосредно по немилите настани во соседна Србија, а со кој се бара контрола на содржината која се емитува на социјалните мрежи, како и забрана на содржините кои поттикнуваат насилство.

— реклама —

Затоа, бараме итно регулирање на содржините на социјалните мрежи со воведување на мерки за забрана на оние кои поттикнуваат насилство и саморазорувачко однесување, зголемување на надзорот и воведување санкции за платформи кои овозможуваат опасни содржини достапни за малолетници.

— реклама —

Време е да се освестиме како општество и да не дозволиме уште едно дете да биде жртва на вакви опасни игри. Нашите најмлади заслужуваат детство исполнето со радост, а не со страв и последици од несреќни трендови“ велат од ЛДП.

БОНУС ВИДЕО

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryks28evm4i5ofe9fkaSy

Спротивно од оптимизмот на Мицкоски, иселувањето ќе се интензивира во наредните години, велат од ЛДП

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
LDPlogo-620x360

ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?

Македонија | пред 2 дена

media-library5ijcftctjt2cdl5kezo

ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!

Македонија | пред 3 дена

LDPlogo-620x360

ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања