Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зајкова: Ако државата не може да ги заштити граѓаните што пријавуваат семејно насилство, тогаш имаме опасен систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryc83mmg5i5ukp32OiDG3

Појасна слика за степенот на спроведување на законите, подзаконските акти, протоколите и политиките за превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз жените, начинот на постапување на надлежните институции во рамки на нивните законски овластувања, нивото на координација меѓу институциите и капацитетите на системот во кадровска, организациска и буџетска смисла, постоењето на евентуални системски слабости во практичната примена на законите и политиките, како и потреба од дополнителни мерки, препораки или измени на законската регулатива, ова беа главните заклучоци од надзорната расправа во Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

— реклама —

Одржана на иницијатива на претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова и пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ, надзорната расправа има за цел преку заклучоците на Комисијата да го унапреди спроведувањето на законите и ефикасноста при постапувањето на органите на извршната власт и да ги зајакне политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство.

— реклама —

Семејното насилство и насилството врз жените не е само прашање на поединечна институционална реакција, туку прашање на функционалноста на целиот систем, на меѓуинституционалната координација, на навременото и ефикасно постапување, на достапноста на услугите и на постоењето на јасни и применливи механизми за заштита.

— реклама —

„Она што го слушавме од сведочењата за последниот случај со Ивана е срам на системот кој дозволи една жена со години да пријавува насилство и никој да не ја слушне. Триесет и девет полицајци. Повторувам, триесет и девет полицајци не постапиле законски по пријавите за семејно насилство.  Во другиот случај, уште 11 полицајци се под истрага за тоа дали ја оставиле Росица незаштитена пред да биде убиена.  Ова не е грешка или прашање на човечка судбина. Ова не е пропуст. Ова е системски колапс. Од една страна ги охрабруваме жените да пријавуваат. А, Како очекувате да пријавуваат насилство, кога институциите им враќаат молк? Како да веруваат, кога секоја пријава може да биде игнорирана? Како да преживеат, кога државата се повлекува токму кога им е најпотребна? Жените , па ни мажите не молчат затоа што не сакаат да зборуваат. Молчат затоа што знаат дека никој нема да ги заштити“, изјави на седницата на Комисијата претседателката Зајкова, додавајќи дека треба да се бара одговорност не од тие 39 или 11 полицајци, туку од целиот систем, од МВР, од обвинителството, од Центрите за социјална работа.

Зајкова вели дека денес прашањето не е кој згрешил, туку уште колку луѓе треба да умрат за институциите да почнат да постапуваат?

„Ако оваа држава не може да  ги заштити граѓаните  кога пријавуваат, тогаш да бидеме искрени: не станува збор за нефункционален систем, станува збор за опасен систем. И ние сме должни да го промениме. Веднаш. Без изговори“, посочува Зајкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya75m2028d9i46FXteMQ

Зајкова: Точно се знае кој во која институција не постапувал, чувал предмети во фиока и да сноси одговорност

Македонија | пред 3 седмици

media-library8r1pmqcq7pklfst8T8H

Зајкова: Колку жени уби молкот на институциите?

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

Зајкова против членот 353в: Се брише одговорноста на министрите

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-10-30-093918

Зајкова: Одложеното дејство на уставните измени да биде единствена натпартиска државна позиција

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања