Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Зајкова: Точно се знае кој во која институција не постапувал, чувал предмети во фиока и да сноси одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarya75m2028d9i46FXteMQ

Моника Зајкова на тркалезна маса праша колку жртви однел молкот и некоординираноста на институциите и побара државата да не „простува“ насилство. Таа истакна дека растот на пријави бара поефикасни постапки и лична одговорност за службеници што не реагирале. Зајкова побара надзорна расправа во Собранието за да се утврди кој потфрлил, наведувајќи случаи на непостапување и игнорирање пријави. Повторно го поднесе законот за електронски нараквици за сторители и нагласи дека треба да се следи почитувањето на мерките и да се преземат конкретни чекори.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

„Навистина е прашање колку жртви однесе навистина молкот на институциите?“, праша претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, на тркалезната маса „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“, организирана од Министерството за внатрешни работи и министерот Панче Тошковски.

— реклама —

„Слушам институциите треба да постапуваат за да има постапки и да има институционална координација. Па ние сме институциите. Кој ве спречува да постапувате?!? Ако бројките покажале дека се зголемува бројот на пријави, очигледно е дека системот мора да постапува и подобро да се координира. Зашто досега не сте се координирале, кој ве спречува?!?“, прашува Зајкова.

— реклама —

„Се согласувам со тезата дека жртвата може да прости насилство, но државата не смее да го прости насилството, затоа што многу луѓе, не само жени, туку и мажи, се срамат да го пријават насилството. Особено кај мажите, егото и срамот, а кај жените гледаме како завршува, а и бројките на жени мора да признаеме се многу поголеми. И тука веќе немаме право на изговори и немаме право на дискусии што треба да се направи или не треба да се направи“, вели Зајкова, додавајќи дека побарала надзорна расправа за конкретно да се знае кој во системот потфрлил, зошто личната одговорност мора да почнеме да ја практикуваме, а не само да анализираме дали е виновен системот или институциите.

— реклама —

„Точно се знае кој во системот, кој во која институција не постапувал, чувал предмети во фиока и тој треба навистина да сноси одговорност за пропустите. Затоа барам таа надзорна расправа да биде во Собранието, каде што ќе дојдат сите и ќе може да слушнеме зошто по одредени предмети не се постапувало. Во последните случаи, не само во случајот што се случи во Карпош, туку и во случаите со серискиот убиец. Значи апсолутно, не може жртва да пријавува следење и никој да не реагира, зошто? Затоа што тој таму бил непресметлив. Што ако е непресметлив? Треба тука да молчиме сите затоа што е непресметлив? Тоа е смешен изговор“, појаснува Зајкова.

На 1 април минатата година Зајкова до Собранието поднесе закон со кој што се бара воведување на електронска нараквица за следење на сторителите. Покрај забраната за приближување, таа нараквица ќе ја алармира жртвата кога сторителот ќе биде во нејзина непосредна близина. Заккоба е убедена дека ако тогаш се усвоеше законот, можеби ќе спречеше дел од имињата кои што денес ги читаме да бидат жртви кои што ќе завршат со фатални последици. Затоа вчера повторно го поднела истиот закон.

„Слушаме дека да, се изрекуваат привремени мерки, но дали некој следи колку тие привремени мерки се почитуваат? Колку привремени мерки се изречени, а сторителот повторно се приближува до жртвата? Па вчера имаше по порталите дека жената побарала од сторителот да престане да ѝ се приближува и да ја малтретира, зошто во спротивно ќе мора да преземе самата мерки. Мора да си признаеме дека државата и те како потфрли и дека крајно време е да не се собираме само на дискусии на кои што ќе кажуваме како треба, туку денеска кога ќе излеземе од тука, да се помислиме и да се преземат конкретни чекори да се утврдуваат веќе конкретни одговорности“, завршува претседателката на ЛДП, Зајкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8r1pmqcq7pklfst8T8H

Зајкова: Колку жени уби молкот на институциите?

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

Зајкова против членот 353в: Се брише одговорноста на министрите

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-10-30-093918

Зајкова: Одложеното дејство на уставните измени да биде единствена натпартиска државна позиција

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања