Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Зајкова: „Жена Феникс“ е симбол на илјадници жени кои се борат, создаваат и се издигнуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 44 минути -

Македонија
media-libraryhdglmkb7qdu2emqd8Jo

Со порака дека секоја жена заслужува достоинство, слобода и еднакви можности, во Општина Центар беше промовиран муралот „Жена Феникс“, по повод одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на општината.

— реклама —

На промоцијата присуствуваше претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, која истакна дека муралот ја претставува приказната за илјадници жени кои секојдневно работат, создаваат, се грижат за своите семејства и се соочуваат со различни предизвици.

Таа посочи дека зад симболиката на жената Феникс стојат и приказните на жените кои преживуваат страв, закани и насилство, но не се откажуваат од надежта за слободен живот.

— реклама —

„Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, порача Зајкова.

— реклама —

Таа нагласи дека задачата на општеството не е само да им се восхитува на жените кои успеале повторно да се издигнат, туку да создаде услови во кои ниту една жена нема да мора сама да се соочува со насилство и неправда.

Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка. Преку симболиката на митолошката птица која повторно се раѓа од пепелта, делото ја претставува женската сила, истрајност и надеж.

— реклама —

„На жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучи Зајкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library907s9kpger0l8aTFhoO

Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, секој влегува и излегува кога сака

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryc83mmg5i5ukp32OiDG3

Зајкова: Ако државата не може да ги заштити граѓаните што пријавуваат семејно насилство, тогаш имаме опасен систем

Македонија | пред 7 месеци

media-librarya75m2028d9i46FXteMQ

Зајкова: Точно се знае кој во која институција не постапувал, чувал предмети во фиока и да сноси одговорност

Македонија | пред 8 месеци

media-library8r1pmqcq7pklfst8T8H

Зајкова: Колку жени уби молкот на институциите?

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања